Потребни состојки:

400 мл млака вода

2 ½ лажици масло

2 ½ лажички сол

800 г брашно

2 ½ лажичка сув квасец

250 г кашкавал

2 помали кисели павлаки

400 г шунка за пица

Кечап, оригано, босилек, нане за наросување, путер за премачкување

Постапка:

Измешајте го брашното со солта, додадете сув квасец и промешајте, налејте млака вода и масло. Добро измешајте, замесете мазно тесто и оставете го покриено со проѕирна фолија на топло за да нарасне (околу еден час).

Нараснататото тесто поделете го 10 топчиња кои исто така ќе ги покриете со фолија за да не се сушат.

На набрашнета подлога секое топче се развлекува во круг, на средината се премачкува со кисела павлака, на едната половина се распоредува шунка, се прелива со кечап, се наросува оригано, босилек и нане, и одозгора се наросува со рендан кашкавал.

Рабовите на кората се премачуваат со вода за подобро да се залепат. Преклопете, притиснете ги краевите да се залепат. Вака поклопеното тесто повторно премачкајте го на ивиците, па како декорација можете да направите витки, но не мора.

Приготвените калцони редете ги во плех обложен со хартија за печење, ивиците премачкајте ги со омекнат путер, а може и малку одозгора. Печете ги на 240 степени околу 15-тина минути, додека за заруменат.