Фото и рецепт на Драгица Владо, видео прилог на мој.колачиќ – Хусарски кекси

Колачите можат да се полнат со домашен мармалад, чоколадо, крем или што и да сакате по желба. Кога ќе ги печете важно е само да внимавате да останат светли. Кога ќе се испечат се меки на допир, но ќе се стегнат кога ќе се изладат. Под видеото има и фото со сличен рецепт во кој се ставаат и малку мелени ореви во тестото.

Потребни состојки:

240 г брашно
70 г шеќер во прав
2 жолчки
2 ванилин шеќер
1 лимон шеќер (со вкус на лимон)
150 г путер

Постапка:

Во подлабок сад измешајте го брашното со шеќерот во прав, па додадете две жолчки и двата вида шеќер (ванила+лимон, по вкус) и путерот исечен на коцки и омекнат на собна температура.

Убаво замесете со рака додека да се соединат сите состојки и да добиете убаво ровко тесто кое лесно се обликува.

Од тестото кинете по малку и формирајте топчиња со големина на помал орев. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Со дршката од дрвена лажица (малку набрашнета) правете мало вдлабнување во средината на секое топче.

Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, кратко време околу 10 минути. Мора да останат светли. Печените колачи оставете ги да изладат, а потоа наросете ги со шеќер во прав и филувајте ги со џем или нешто по ваш вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

фото: Драгица Владо