ХУАНИТО ТОРТА: Омилената торта со 3 фила, за неколку минути ќе ви биде на трпеза. Многу вкусна и кремаста торта, сите состојки се во одлична мерка. Потребни состојки за кора: 6 белки, прстофат сол, 90 г шеќер (6 лажици), 150 г мелени ореви, 1 лажица брашно, 1 лажица какао.
За фил: 1 л млеко (800 + 200 мл), 150 г шеќер, 4 пудинзи од ванила (160 г), 6 жолчки, 3 лажици брашно (30 г), 250 г маргарин или путер. Останати состојки за фил: 100 г чоколадо за готвење, 250 г мелени ореви, 300 г шлаг, 500 мл кисела вода (од фрижидер), 100 г млеко во прав, 250 г мелени бисквити по избор. За декорација: 200 г шлаг, 400 мл кисела вода (од фрижидер).
Подготовка на кората: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одделете ги 6-те белки и ставете малку сол. Изматете со миксер додека да добиете пенаста структура, отприлика околу 1 минута матење, а потоа постепено додавајте 90 г шеќер, лажица по лажица и матете уште 5-6 минути.
Додајте 150 г мелени ореви, 1 лажица брашно и 1 лажица какао па измешајте ја смесата со лажица до соединување. Ставете хартија за печење во плех, па прелијте ја смесата одозгора и израмнете.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути (повремено проверувајте ја во зависност од јачината на вашата рерна). По печењето, тортата оставете ја да се излади околу 10-тина минути.
Подготовка на филот: Во тенџере ставете 800 мл млеко, 150 г шеќер, промешајте и ставете на шпорет да зоврие. Во сад со 6 жолчки ставете 200 мл млеко, промешајте и постепено додавајте 3 лажици брашно и 4 кесички пудинг од ванила додека мешате за да се разредат грутките.
Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од рингла, додајте ја подготвената смеса со постојано мешање околу 1 минута, а потоа вратете го тенџерето на рингла и варете на тивок оган, до згуснување (оприлика околу 8 минути).
Поделете го врелиот фил на 2 дела. Во едниот дел додајте 250 г мелени ореви, измешајте и оставете да се излади. Во другиот дел, додајте 100 гр чоколадо за готвење, измешајте и оставете да се излади настарана и овој фил.
Измешајте 250 г маргарин или путер, претходно отстојан на собна температура заедно со шеќерот во прав, па и оваа смеса поделете ја на два дела. Едниот дел додајте го во оладениот фил со ореви, и изматете со миксер, а истото направете го и со другиот фил.
Бисквит фил: Истурете 500 мл ладна кисела вода во 300 г шлаг и матете со миксер додека шлагот да стане цврст (околу 3 минути). Додајте 100 г млеко во прав и промешајте уште една минута, потоа додајте 250 г мелени бисквити и соединете со лажица. Поделете го филот на половина.
Полнење: Чоколаден фил, половина од филот со плазма, филот со ореви, другата половина од филот со плазма. Декорација: Промешајте 200 г шлаг со 400 мл ладна кисела вода, 3 минути па ставете врз тортата по избор. Тортата оставетете ја да излади во фрижидер пред сервирање. / Coolinarka.com