ХИТ РЕЦЕПТ…Откако научив вака да ги подготвувам модрите патлиџани, сите ми доаѓаат на гости…повкусно не сме јаделе…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 модри патлиџани
1 главица кромид
3 чешниња лук
500 г мелено месо
зачини: сол, црн пипер, сенф во прав, коријандер, црвен пипер
1 лажица мајонез (наместо јајце)

И уште:
200 мл масло за пржење
1 лажичка за маслото да не прска

за во тавата за печење:
8 домати
2 лажици лут кечап
зелени билки по вкус
150-200 мл вода

ПОСТАПКА:

1.На модрите патлиџани отсечете им ги краевите, а потоа пресечете ги на половина. Од потесниот крај секое парче засечете го на осмини, но не до крај (да може да се отвори како цвет, но да не се распадне).

2.Кромидот и лукчињата изрендајте ги и додајте ги во меленото месо. Зачинете и додајте една лажица мајонез (за да го врзе месото, да не се распаѓа). Добро изедначете.

3.Со месото полнете ги засечените патлиџани и редете ги настрана.

4.Во подлабока тава (без пластични делови) загрејте масло на умерена температура и додајте лажичка сол. Пржете ги модрите патлиџани свртени со засечениот дел наполнет со месо, додека да заруменат. Дури потоа свртете ги и на другата страна.

5.Кога ќе се испржат и од другата страна, извадете ги настрана, сипете го маслото во кое се пржеа, избришете ја тавата и вратете ги назад патлиџаните.

6.Помеѓу нив наредете домати засечени на горната страна („+“). Во посебен сад растворете кечап со вода, додајте ситно сечкан магдонос и оваа течност сипете ја во тавата.

7.Печете во загреана рерна на 180 степени, половина час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/6Sr9NLkBEfw?si=58qCvNNGmUCmA4jf