Проја со хељдино брашно и тиквички каква што не сте пробале досега. Мека е како пена, а колку е вкусна, што веднаш ќе посегнете по второ, а и трето парче. Не е воопшто тешка за приготвување, само матите, мешате, излевате и печете…




Ова е малку поздрава варијанта од класичната проја со сувомеснато и сирење (која исто е многу вкусна), но овој рецепт откога го најдов, дечињата ми немаат побарано да им ја направам таа. И многу ми е мило поради тоа бидејќи сега често ја правам, а и тие се хранат поздраво.




Потребни состојки: 3 јајца, 250 мл кефир/јогурт, 1 лажичка павлака, 50 г палента, 80 г пченкарно брашно, 50 г хељдино брашно, 30 г пченично брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол и 1 мала тиквичка.




Постапка: Изрендајте ја малата тиквичка, посолете ја и оставете ја да се исцеди од водата настрана. Изматете ги јајцата, посолете, додајте полна лажица павлака и кефир и матете додека се убаво да се соедини.




Сите видови брашно измешајте ги со прашокот за печиво и додајте ги во течните состојки и кратко измешајте додека да се соединат. Изренданата тиквичка добро исцедете ја од водата и додајте ја во тестото. Промешајте.




Додајте фета сирење по желба, јас вторпат ставам вакво сирење и пројата ми излезе уште повкусна. Тестото протресете го во тркалезна тава со дијаметар од 22 см, одозгора наросете со палента (ако сакате крцкава кора) и печете на 180-200 степени околу 45-50 минути. Послужете топло. / Coolinarka.com




II РЕЦЕПТ. Ова мора да го направите: мека како пена, пројата со млад кромид и сирење ме воодушеви. Потребни состојки: 2 јајца, 1 шолја пченкарно брашно, 1 шолја обично, бело брашно, 1 шолја ситно сирење, 1 шолја јогурт, половина шолја масло, 1 шолја сечкан млад кромид (тоа се приближно 3-4 млади кромитчиња со долги зелени перца), 1 лажичка сол, половина кесичка прашок за печиво (5 г).




Постапка: Најпрво да ви кажам дека сите состојки се мерат со една иста шолја или чаша за вода од 200 мл. Во подлабок сад изматете ги двете јајца со миксер додека да згуснат и да станат пенасти. Потоа во нив додајте го јогуртот и маслото, па посолете со една лажичка сол.




Потоа додајте ги двата вида брашно, па мешањето продолжете го со миксер за да нема грутчиња. На крај додајте ситно сечкан кромид, издробено сирење со виљушка и половина кесичка прашок за печиво. Добро промешајте за да се изедначат состојките.




Смесата излејте ја во претходно намастен и со малку брашно наросен плех со димензии 20х20 см или помал калап со слични домензии. Израмнете, одозгора наросете малку сирење и сечкан кромид, и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути во зависност од тоа колку сакате да ви биде запечена питата.




Јас ја сакам да ми биде порумена и попечена, па затоа ја печам до крај. Многу е убава питата, мека и вкусна дури и после два дена. Можете да ја послужите како лесен ручек или за појадок/вечера со чаша јогурт. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.