ХАМБУРГЕРИ КАКО ОД НАЈДОБРИТЕ РЕСТОРАНИ…Толку се сочни и вкусни, прсти да излижеш!

Често испробувам нови рецепти за да добијам сочни хамбургери, а овој рецепт мислам дека е добитна комбинација. Испробајте и уверете се сами. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 250 мл):

2 кг мелено јунешко месо
1/2 чаша млеко во прав
2 лажички сол
1 лажичка лукова сол (по избор)
1/4 лажичка буковец/лут пипер во прав
1/2 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка лук во прав
1 лажичка црвен пипер во прав
2 лажички кромид во прав
3 лажици соја сос
1/2 чаша лебни трошки

ПОСТАПКА:

Сите состојки сипете ги во поголем сад и месете со рака најмалку 5 минути за сето убаво да се соедини. Од приготвената смеса правете поголеми хамбургери и редете ги во подлабок сад претходно намастен со масло.

Затворете ги и оставете ги да отстојат во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Следниот ден печете ги на скара или во тефлонска тава по 7 минути од секоја страна на умерена температура. Рецепт на Ари.

Сооlinarika.сom