ГУРМАНСКО ЈАДЕЊЕ – Полнети модри патлиџани…прсти да излижеш…Рецептот за „карнијарик“ печен во рерна е вкусно јадење уникатно за турската кујна.

Овој рецепт е одлична опција, особено ако пречекувате гости. Јадењето од полнети и печени модри патлицани може да се сервира топло со ориз или прилог по ваш вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 – 9 модри патлиџани (1300 грама)
1 полна лажичка сол
доволно вода за да се прекријат
малку масло (40 мл) за премачкување

За фил:
2 – 3 лажици масло
1 голема главица кромид
300 г мелено месо
2 – 3 зелени пиперки
2 – 3 чешниња лук
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
1 лажичка чили пиперка
2 домати со средна големина
1 чајна чаша вода (100 мл)
малку свеж магдонос (2 лажици)

За сос:
1 полна лажица доматна паста
1 лажичка сол
2 чаши топла вода (400 мл)

За декорација:
мали домати (шери)
зелени пиперчиња

ПОСТАПКА:

1.Модрите патлиџани измијте ги, отстранете им ги ливчињата и потсечете им ги дршките. Потоа излупете ги (за подекоративен изглед можете да ги направите шарени).

Ставете ги во подлабок сад, посолете ги и залијте ги со доволно вода за да бидат прекриени. Одозгора поклопете ги со чинија за да немаат допир со воздух и цело време да бидат под вода. вака оставете ги 15 минути.

Потоа исцедете ги и оставете ги кратко на цедалка. Ова ќе ја извади сета горчина од нив.

2.Потоа, со мало ноже направете засек на секој патлиџан. Наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги од двете страни со масло со помош на кујнска четка.

3.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. После 20 минути свртете ги и од другата страна и продолжете со печење уште 10-тина минути (вкупно половина час).

4.На загреано масло издинстајте го ситно исечканиот кромид. Додајте го меленото месо и продолжете со динстање неколку минути додека да ја промени бојата.

Потоа додајте ситно сечкани лути пиперчиња, лукче и зачини по вкус.

5.На крај додајте ситно сечкани домати и динстајте уште кратко време додека сето да омекне и се изеднали. Додајте 100 мл вода, намалете го огнот и продолжете го готвењето.

Пред крајот додајте 2 лажици ситно сечкан магдонос. Кога ќе испари течноста, месото треба да е зготвено.

6.Печените модри патлиџани отворете ги на местата каде што сте ги направиле засецит и наполнете ги со филот. Декорирајте ги со доматче и луто пиперче.

7.За сос: измешајте ги соте состојки. Сосот сипете го во огноотпорен сад, па наредете ги полнетите модри патлиџани.

8.Парче хартија за печење натопете ја во вода и изгужвајте ја низ раце, па покријте ги патлиџаните. Ставете да се допечат уште 25 минути во загреана рерна на 200 степени.

Потоа тргнете ја хартијата и продолжете со печење додека да заруменат, уште 10-15-тина минути. Вкупно ги печев 35 минути (внимавајте да не се исушат). Постапката погледнете ја ОВДЕ.