Home закуска Гурмански ручек со мелено месо…ЛЕСНО СЕ ПРАВИ, ЗА 20 МИНУТИ…

Гурмански ручек со мелено месо…ЛЕСНО СЕ ПРАВИ, ЗА 20 МИНУТИ…

Гурмански ручек со мелено месо…ЛЕСНО СЕ ПРАВИ, ЗА 20 МИНУТИ…Ако ги сакате питите со месо или лазањите, тогаш на ова јадење нема да можете да му одолеете…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
20 г шеќер
1 кесичка сув квасец
1/2 лажичка сол
300 мл млака вода
480 г брашно
Наместо да замесувате тесто можете да користите готови кори-тортиљи или кори за лазањи.

За фил:
800 г мелено месо
2 главици кромид
2 чешниња лук
40 мл масло
3 пиперки
3 домати
1 лажица доматно пире
сол, црн и црвен пипер, нане
300 мл врела вода
400 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Растворете ги шеќерот и квасецот со топла вода. По неколку минути додајте го брашното помешано со сол и замесете средно меко тесто кое не се лепи. Оставете го покриено да одмори 30 минути.

2.Пропржете го месото на малку масло, па додајте исечкан кромид и продолжете кратко со динстањето, па додајте ги исечканите пиперки, доматите, промешајте, па додајте го доматното пире и зачините.

Добро измешајте, поклопете и динстајте околу 10 минути. Потоа додајте зовриена вода и варете уште малку, додека сето убаво да омекне и згусне.

3.Тестото малку премсете го на набрашнета површина и формирајте 12 топчиња и оставете да одморат 5 минути. Потоа на набрашнета површина отворете ги во што потенки кори.

4.Испечете ги корите во сува, широка тава, по 1-2 минути од секоја страна.

5.Потоа, во голема тава ставете ја првата испечена кора, па фил од мелено месо, малку сечкан магдонос и рендан кашкавал. И така наредете додека да ги искористите сите состојки.

Кога ќе ја ставите последната кора, исечете ја и потоа премачкајте ја со преостанатиот фил од месо. Посипете со магдонос и рендано чедар сирење. Ставете да се пече на 200°C околу 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.