ГУРМАНСКИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ…Најдобриот рецепт кој ќе ве освои со својата богата арома…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

14 до 15 мали пиперки
300 грама кромид
3 до 4 лажици растително масло
80 грама моркови
15 грама лук
20 грама магдонос
80 до 100 грама панцета (мрсен, бел дел)
800 грама мелено говедско месо
сол и црн пипер
2 лажици слатка црвена пиперка во прав
100 грама ориз
200 грама домати
100 грама панцета
500 грама компири
120 грама пасирани домати
приближно 300 милилитри булјон (или коцка за супа)

ПОСТАПКА:

1.Пропжете ги ситно сечканиот кромид 5-6 минути, па додајте рендан морков, а потоа и меленото месо. Динстајте 7-8 минути, па зачинете со сол и црн пипер. После 3-4 минути додајте црвен пипер и измиен ориз.

Пред крајот додајте ја ситно сечканата панцета помешана со рендано лукче и ситно сечкан магдонос. Сето соединете и наполнете ги пиперките.

2.Во огноотпорен сад на дното сипете рендани домати, па парчиња панцета/сланина, малди компири, а врз нив наредете ги полнетите пиперки. Одозгора полијте ги со доматен сос и булјон.

3.Печете 45 минути во загреана рерна на 200 степени. Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ.