Home пита ГРИЗ ПИТА СО ЈОГУРТ…Или хармоника, гужвана пита…Кога ја пробаа гостите, веднаш побараа...

ГРИЗ ПИТА СО ЈОГУРТ…Или хармоника, гужвана пита…Кога ја пробаа гостите, веднаш побараа рецепт…

ГРИЗ ПИТА СО ЈОГУРТ…Или хармоника, гужвана пита…Кога ја пробаа гостите, веднаш побараа рецепт…Воздушеста, мека и сочна пита со сирење…

Доколку ја направите оваа пита, пишете ги вашите впечатоци во коментар. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за пита

За смеса:
3 јајца
сол по вкус
200 мл течен јогурт
300 гр урда/ситно сирење
200 мл газирана вода (или обична)
80-100 мл масло
2 лажици гриз
1/2 лажичка прашок за печиво
сусам за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

Измешајте ги јајцата со малку сол, урда, гриз, прашок за печиво, масло, газирана вода и јогурт. Калап 36х20 см намастете го со масло. Ставете една кора на дното, а другите диплете ги како хармоника и редете ги една до друга.

Сипете ја смесата одозгора и фино распоредете ја за да навлезе насекаде. оставете да одмори 15 минути, посипете ја со сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 230 степени. намалете на 200 и печете 30-40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: