Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша (од 200 мл) шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 чаша мелени ореви
1 чаша брашно
250 г гриз
1 прашок за печиво
За сируп:
500 г шеќер
600 мл вода
За украсување:
2 кесички шлаг од ванила
мелени ореви
Постапка:
Изматете јајца со шеќер, додадете масло, млеко, мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво.
Смесата добро изматете ја и ставете во калап 20х35 см претходно намастен и набрашнет.
Печете на 180 степени 30 минути.
За тоа време направете го сирупот.
Во еден сад ставете шеќер и вода да врие 2-3 минути од кога ќе проврие.
Со топлиот сируп прелијте го печениот колач и оставете да излади.
Изматете шлаг според упатството на кесичката и премачкајте го колачот, па наросете мелени ореви.