Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Потребни состојки:
400 г брашно
200 г сирење меко и мрсно
1 прашок за печиво
1 јајце
1 лажиче сол
200 г маргарин / путер
За одозгора: жолчка или белка и сусам или ким за наросување
Постапка:
Од сите состојки се замесува убаво и мазно тесто. Се завиткува вопроѕирна фолија и се остава во фрижидер да отстои еден час.
Потоа се расукува кора и се вадат формички по ваша желба.
Одозгора се премачкуваат со жолчка (некои сакаат со белка) и се наросуваат со сусам или ким.
Перечињата се редат на плех обложен со хартија и се печат 15-тина минути на 200 степени.
Фото и рецепт: Зорка Јанчева