Потребни состојки за кора:
12 белки
12 лажици шеќер
4 лажици масло
12 лажици мелени ореви
4 лажички прашок за печиво
4 лажици меко брашно
Чоколаден прелив:
150 г чоколадо
150 г путер/маргарин
За жолт крем:
12 жолчки
8 лажици шеќер
50 мл млеко
1 путер/маргарин
150 г шеќер во прав
Глазура:
100 г чоколадо за готвење
30 г путер
3 лажици масло
Постапка:
Состојките поделете ги на 4 дела и секоја кора посебно матете ја. Од оваа смеса испечете четири кори.
Изматете ги белките посебно додавајќи шеќер во цврстиот снег, потоа додадете масло и уште кратко матете со миксер.
Сувите состојки (брашно, ореви, шеќер и прашок за печиво) измешајте ги со шпатула и соединете со белките. Корите печете ги на 175 степени, 20 минути во плех 24 обложен со хартија за печење.
За прелив ставете ги чоколадото и путерот на тивок оган да се растопат и да се добие хомогена смеса. Секоја кора премачкајте ја, па оставете целосно да изладат.
За крем добро изматете ги жолчките со шеќер, додадете млеко па префрлете во шерпа со дебело дно. Гответе го филот на тивок оган со постојано мешање мешајќи 15-тина минути. Оставете да излади.
Посебно изматете путер со шеќер во прав, па во тоа додадете смеса со варени жолчки и матете да се добие еднолична кремава смеса.
Преку секоја кора со чоколаден прелив, нанесете жолт крем, па наредете една преку друга. Оставете малку фил за да се премачка тортата одоколу.
Тортата прелијте ја со глазура за која топиме чоколадо со масло и путер на тивок оган. Одозгора можете да украсете со шлаг крем или декорација по ваша желба. Добро изладете.
coolinarika.com