Рецепт и видео презентација на “Слатко и Кратко” – Колач “Грешни коцки”.
За овој колач тешко е да се одвојат зборови, па затоа е најдобро сами да ги пробате. Доколку сакате масна верзија од колачот, манесто маргарин употребете путер и наместо посен кекс, употребете обичен.
Потребни состојки:
375 г маргарин/путер
3 лажици мед
80 г какао во прав
500 г дробени кекси
150 г чоколадо
1 ½ портокали
За глазура:
100 г чоколадо
5 лажици масло
Постапка:
Портокалот добро измијте го, пресечете го и исцедете го сокот од него. Во подлабок сад издробете ги кексите со раце или со толчник (како во водеото) и додадете рендана кора од еден портокал. Промешајте.
Потоа растопете го путерот на пониска темепратура, додадете го чоколадото, медот и какаото, па убаво промешајте со жица додека сите состојки да се растопат и соединат.
Во компактната смеса додадете го и сокот од портокал, па уште еднаш добро промешајте. Со оваа смеса прелијте ги кршените бисквити и промешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во намастен калап со средна величина.
Истапкајте со раце за да израмни и да се пополнат празнините, а потоа пригответе ја глазурата: Чоколадото на тивок оган растопете го со малку масло. Мешајте додека да добиете мазна глазура, а потоа прелијте ја врз колачот.
Колачот оставете го во фрижидер најмалку два часа додека убаво да се стегне, а потоа сечете го на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.