Горчица (Marrubium vulgare) е многу распространета билка, но за жал, за многумина заборавена. Одамна е позната како билка со исклучително лековити својства.
Бидејќи ја има на секој чекор, народот често ја користел, па дури постојат записи дека била омилена билка на египетскиот фараон. Позната е уште како пчелник, див босилек, мачина трева, горска маточина…
Чајот од горчицата се употребува како средство против кашлица, бронхит, астма, воспаление на дишни органи, за нормализирање на менструација, женски стерилитет, нормализирање на срцевиот ритам, жолтица, слабокрвност, задржување на мокрење при песок во бубрег, хистерија и хипохондрија.
Старите Римјани ја користеле за лекување на маларија и за плуќни болести, за искашлување. Таткото на медицината парацелзиус бил заговорник за користење на горчицата во медицински цели.
Па дури и некои европски владетели користеле екстракти од оваа билка на своите дворци за лекување на кожни болести и разни заболувања на белите дробови.
Денес оваа билка повторно го привлекува вниманието на љубителите на природната медицина, бидејќи нејзините благодети за организмот се многубројни. Особено се истакнува како билка блатворно за женското здравје.
МАЛА БИЛКА СО ГОЛЕМИ ДОСТИГНУВАЊА
Кога станува збор за лековитото делување, горчицата се истакнува како непресушен извор на природно здравје.
Првенствено се користи при тегоби со дишењето, за респираторни болести (кашлица, бронхитис, воспаление на белите дробови, туберколоза, грип), астма и останати инфекции и воспленија на системот за дишење.
Го поттикнува метаболизмот и излачувањето на штетните токсини од телото, па поради тоа се користи во терапии за слабеење и чистење на организмот.
Позната е и како одличен лак за кожата, помага при проблематична кожа, осип, акни, надворешни ранички и иритации.
Бидејќи со своето делување поттикнува излачување на урина, оваа билка помага и при разни бубрежни и уролошки заболувања.
Корисна е кај дигестивни и желудечни тегоби. Ги смирува желудочните грчеви и цревните вирози, го подобрува апетитот и ја подобрува работата на целокупниот дигестивен тракт.
Ги елиминира и разните паразити во телото, а се покажала и ефикасна кај тегоби со хемороиди.
Тинктура и екстракт од горчица се користат за лекување на срцето и кардиоваскуларниот систем, бидејќи го регулира притисокот и помага кај аритмии.
Се користи за болести на крвта и крвните садови, како што се анемија, проширени вени и испукани капилари.
НАЈДОБРА БИЛКА ЗА ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
Одамна се смета за природен лек за неплодни жени.
Жените кои не можеле за забременат го користеле во облик на чај и еликсир, поради што оваа билка го добила името „очајничка“ – бидејќи ја користеле очајни жени што не можеле да станат мајки.
Денес е познато дека горчицата игра огромна улога за нормализирање на хормоните во организмот, со што значително се подобруваат шансите за успечно зачнување и уредна бременост.
Посебно се нагласува користење на горчливка кај менструални тегоби, особено ако станува збор за тешки, болни или неправилни и слаби менструации.
Со консумирање на чај од горчица, неправилните менструални циклуси се нормализираат и менструалните болки се смируваат.
Горчицата е исклучително делотворна и кај останатите женски тегоби.
ПРЕПАРАТИ ОД ГОРЧИЦА
Чајот од горчица се приготвува од суви или свежи листови.
Земете една супена лажица сува билка на 200 мл врела вода, поклопете и оставете да отстои 5-10 минути, процедет и засладете со мед. Се препорачува да се пие 2-3 шолји на ден за проблеми со дишењето и срцеви проблеми.
За баланс на хормоните се пие најмалку еден месец во континуитет, бидејќи за дејството на активните состојки потребно е време.
За забременување чајот може да се користи во комбинација со вркута (1:1) па да се консумира три месеци во континуитет, со тоа што во периодот додека трае менструацијата треба да се прави пауза.
Билката вркута во оваа комбинација го ублажува вкусот на чајот но и дополнително го засилува делувањето на активните состојки.
Ако горчицата ја користите за лекување на проблематична кожа, тогаш користете незасладен чај за измивање на кожата.
КАДЕ РАСТЕ И КАКО ИЗГЛЕДА?
Се наоѓа на ливади, напуштени дворови и селски патишта. Расте до 40 см со исправени стебленца обраснати со ситни влакненца, мали листови и ситни бели цветчиња.
Сезоната на цетање трае цело лето и претставува медоносна билка која дава бел, проѕирен, многу квалитетн мед. Затоа е популарна кај пчелите. Се бере од јули до сепември без корен, а се суши под сенка на провев.
Лековити својства на Горчица:
-природен лек за женски тегоби
-одлично средство за проблематична кожа
-помага при респираторни болести
-природен лек за болести на бубрезите и уринарниот тракт
-го штити срцето и крвотокот
-се користи во разни диети за слабеење и чистење на организмот