Знам многу рецепти за чоколадни колачи, но овој морам да го издвојам како посебен бидејќи еднаш ме cпаси кога на гостите им реков дека ќе им правам колач, а заборавив дека немам брашно. Плус беше викенд и глупаво ми беше да им откажам, па набрзина побарав дали постои некој рецепт што се прави без брашно.
Навистина не очекував да најдам некој рецепт, а и да најдев не знаев каков ќе биде на вкус. Неверојатно колку овој колач ме cпаси во тој момент. Никој не забележа дека во него нема брашно и сите го изедоа за 5 минути, па правев втора тура. За чоколадната смеса е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 3 кесички чоколаден пудинг, 50 г шеќер, 150 г мек путер/маргарин, 100 г чоколадо по желба, 3 лажици какао, 1 ванилин шеќер, 400 г мелени бисквити. За кремастата смеса: 250 г маскарпоне сирење, 200 г свежо сирење (крем сирење), 1 кесичка шлаг, 120 мл млеко.
ПОСТАПКА: Соединете го млекото со пудингот, шеќерот, какаото и додека е ладно измешајте со жица за матење. Потоа додајте го путерот исечен на помали парчиња како и чоколадото и со жица за матење ставете го да се готви цело време додека да се згусне. Се трга од оган, се покрива со фолија и се остава да отстои 20 минути, малку да се подизлади.
По изминатото време додајте ги мелените бисквити и убаво измешајте со лажица за да се соедини. Префрлете ја смесата во подготвениот калап и израмнете. Оставете да се излади и стегне околу 30 минути.
ЗА КРЕМОТ: соединете ги следниве состојки: маскарпоне, сирењето и шеќерот и кратко измешајте со миксер. Посебно изматете го млекото со кесичката шлаг, па во смесата додајте го сирењето и повторно кратко измешајте до соединување.
Премачкајте ја бисквитната смеса со овој крем и декорирајте со чоколадни мрвици. Колачот се остава во фрижидер некое време пред послужување, најмалку 30 минути. / Сoolinarka.com. Во продолжение прочитајте уште еден многу познат колач кој сите го обожаваат:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 550 мл јогурт, 100 мл масло, 250 г шеќер, 2 лажици какао, 300 г брашно, 2 лажички сода бикарбона. ЗА ГЛАЗУРА: 180 г путер, 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА: Во еден сад ставете 550 мл јогурт на собна температура. Додајте 100 мл масло и 250 г шеќер. Во смесата додајте 2 лажици какао во прав и 300 г брашно.
На крај ставете и 2 лажички сода бикарбона, па промешајте со жица за матење додека да добиете мазна полутечна смеса, без грутчиња. Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина или тркалезен калап за торти, претходно намастен со малку путер или масло.
Израмнете и ставете да пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. Печениот колач оставете го да излади, а за тоа време пригответе ја глазурата: во еден сад ставете 180 г путер и растопете го на тивок оган. Додајте 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење.
Промешајте убаво додека сите состојки да се растопат и изедначат, па прелијте ја глазурата преку изладениот колач. Оставете да се стегне, па сечете го на коцки. Одозгора може да декорирате со рендано чоколадо. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.