Само некои луѓе знаат дека ловоровиот лист освен што се користи во кујната, исто така може да биде многу корисен зачин и за нашето здравје. Листот се користи за приготвување на одлично лековито масло кое поседува многу корисни својства а можете сами да си го приготвите бидејќи го нема во продажба.

Еве што ќе добиете:

-го смирува нервниот состав

-го јакне имунолошкиот систем

-поттикнува потење при настинки

-помага при болни зглобови

-лекува варикозни вени

-ги подобрува менталните способности

Потребни состојки:

30 г ловоров лист

250 мл маслиново масло

Постапка:

Уситнете го ловоровиот лист па прелијте го со маслиново масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете и оставете на темно место 14 дена. Одвреме на време протресувајте го шишето.

После 14 дена процедете го маслото преку газа и складирајте во стаклен сад.

Пред примена загрејте го малку маслото и нанесете на болните места, па нежно масирајте за да се впие преку кожата.

За орална употреба, консумирајте по една лажица меѓу оброци или користете го наместо маслото за салати.