Еве како да го направите мек како путер!
Нутриционистката Кели Левек вели дека црниот дроб е здрав да се јаде од многу причини, особено говедскиот, и на тој начин успеа да разбие еден од поголемите митови поврзани со ова месо. Црниот дроб е богат со протеини, содржи калциум, железо, магнезиум, калиум, селен, фолати и ретинол.
Тој е одличен извор на витамини Б и Б12, кој содржи дури и повеќе од зелениот зеленчук. Тој е еден од најбогатите извори на витамин А, кој е клучен за функционирањето на имунолошкиот систем и тешко може да се најде во храната.
Покрај витамини и минерали, црниот дроб содржи квалитетни протеини, релативно малку калории и јаглехидрати.
Црниот дроб исто така содржи холестерол, но бидејќи не е масен, ако го јадете само повремено, тоа нема да ви создаде проблем. Честопати луѓето мислат дека црниот дроб е „полн“ со отпадни материи затоа што во него се обработуваат токсините, но нутриционистката го разби овој мит.
„Токсините не се складираат во црниот дроб, туку црниот дроб помага само да се елиминираат од телото“, објасни таа.
Постои една група на луѓе кои не треба да јадат црн дроб, а тоа се бремените жени на кои не им се препорачуваат големи дози на витамин А, особено во првите месеци од бременоста.
Рецепт како да приготвите мек и вкусен џигер:
Исечете го црниот дроб на тенки парчиња, натопете го во мешавина од бел оцет (алкохолна киселина 9%) и млеко најмалку. Оставете го џигерот во оваа течност најмалку 30 минути, а потоа избришете го и испечете го.
Двата најпопуларни начини за јадење црн дроб се динстани со многу кромид, и печен, а потоа измиксан со путер и зачини, како вкусна паштета.
Еден многу убав, брзински и вкусен ручек со пилешки џигерчиња: Евтин и брз ручек, прсти да излижеш!
Потребни состојки: 500 г пилешки џигер, 2 главици црвен кромид, 2 чешниња лук, 2 жолти пиперки, 2 црвени пиперки, 50 мл доматен сос, 50 мл црно вино, 2-3 лажици брашно, 1 лажичка црвен пипер во прав, сол, сув зачин, црн пипер, магдонос
Постапка: пилешкиот џигер извалкајте го во брашно и пропржете во загреано масло додека да зарумени. Потоа џигерот тргнете го на страна во некој сад и поклопете го за да остане топол. Кромидот и лукчето ситно исечкајте ги, а пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на коцки.
Во истото масло во кое се пржеше џигерот пропржете го прво кромидот, малку посолете го, додајте ги пиперките и лукот, па динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне. Потоа додајте црвен пипер во прав, брзо промешајте, додадете доматен сос и црно вино и околу 100 мл топла вода. Оставете да крчка 1-2 минути.
Потоа во садот вратете го пржениот џигер, по потреба додајте уште малку врела вода, во зависност од густината која ја сакате. Посолете, запиперете и ставете сув зачин по вкус, па гответе уште 10-тина минути на умерено со повремено мешање. На крај додадете сечкан магдонос. На страна сварете палента и во неа додадете малку путер, па сервијате како прилог со џигерот во сос.
“Џигерот ми го изедовте”…слободно можете да им кажете после овој превкусен, кремаст оброк од пилешки дроб / Фотографии на Ленче Гогова – Пилешко дробче динстано во многу кромид и зачини по вкус – во рерна!
Идејата за ова превкусно јадење од пилешки дроб и фотографии од подготовката ни ги претстави нашата драга членка Ленче Гогова во групата НМД рецепти. Доколку сакате да си приготвите нешто брзо, вкусно и хранливо, ова е одличен предлог.
Консумирањето на пилешкиот дроб не само што не е штетно, туку е и многу корисно доколку се води сметка за препорачаните хранливи материи – тврдат експертите. Пилешкиот дроб можете да го приготвите на многу различни начини, во разни сосови и да ги послужите со различен прилог.
Потребни состојки: 500 г пилешки дроб, 400 г печурки, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 100 г брашно тип 550, сув зачин, 50 мл пасирани домати, 100 мл бело вино, слатка мелена пиперка, сол, црн пипер.
Постапка: на масло пропржете ги печурките исечени на дебели листови, зачинете и откако ќе испари течноста префрлете ги во чинија. Во истото масло пропржете го ситно исечканиот кромид и ренданото чешне лук. Посолете и запиперете, па соединете во чинијата со печурките.
По потреба додадете малку путер и масло, па запржете го дробот претходно извалкан во мешавина од брашно и црвен пипер. Поклопете со капак за да не прска.
Кога дробот е готов посолете го и запиперете го, па додајте ги печурките и пржениот кромид, залијте со бело вино, па заедно динстајте уште малку, колку да добие убав кремаст изглед. На крај додајте го доматниот сос и динстајте уште 1-2 минути. Послужете со варен ориз. Предноста на ова јадење е што валкате само една тава.
Потребни состојки: 500 г пилешки дроб, 500 г кромид, маслиново масло за пржење, 1-2 ловорови листови, прстофат мајчина душичка, сол и црн пипер, 120 мл суво бело вино, ½ китка магдонос.
Постапка: на маслиново масло пропржете го кромидот додека да застакли. Додајте го пилешкиот дроб, претходно исчистен, измиен и исушен со хартиена салветка, ловоров лист, мајчина душичка, сол и црн пипер.
Со повремено мешање динстајте на средна температура околу 15 минути, па прелијте со виното, почекајте да испари и наросете со сечкан магдонос. Послужете со кисела павлака и тостиран домашен леб. / Coolinarika.com