Имаме многу интересен и ефикасен рецепт, бидејќи сите оние кои пyшат и дишат загаден воздух имаат бели дробови со намален капацитет и во многу лоша состојба.

Меѓутоа, ова решение кое кружи низ социјалните мрежи, може да ве ослободи од проблемот со кашлица и „затнати“ бели дробови. Имено, станува збор за стар, народен рецепт кој го приготвувале генерации наназад.

Во овој рецепт се додава ѓумбир и куркума, кои денес се лесно достапни и значително го подобруваат ефектот на овој народен лек.

Пушачите и непушачите би требало да го пијат овој специфичен напиток за да ги прочистат белите дробови, како и да го исфрлат вишокот густа и „налепена“ слуз.

Овој уникатен рецепт едноставно го „оживува” респираторниот систем и ги отвора бронхиите.

Потребни состојки:

2 лажици куркума во прав
1 корен од ѓумбир со средна величина
400 г кромид
400 г шеќер (или мед)
1 литар филтрирана вода

Постапка:

Сè што треба да направите е следното: карамелизирајте го шеќерот (ставете да се растопи во суво тенџере додека да добие боја на карамел), па додајте ја водата и оставете да се раствори и зоврие, а доколку користите мед, него ќе го ставите на крај.

Во меѓувреме излупете го и исечете го кромидот на четвртинки. Од кромидот отстранете го само коренот и горните лушпи, а оставете ги долните лушпи кои се исто така лековити.

Исто така, излупете го ѓумбирот и ситно исечкајте го. Двете состојки додајте ги во водата што врие.

По пет минути, кога водата убаво ќе зоврие, додајте ја куркумата. Намалете го малку огнот и оставете течноста половина да испари.

Штом се преполови течноста (околу половина литар), тргнете го садот и оставете малку да подизлади. Потоа процедете го и додајте го медот. Промешајте додека тој да се раствори. Течноста складирајте ја во стаклено шише или тегла. Чувајте во фрижидер.

Употреба: Секој ден по една ракиена чашка наутро на празен стомак и два часа после оброк, навечер. Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.