Иако пушењето е штетно за здравјето и предизвикува бројни болести, сè поголем број луѓе пушат и си трујат белите дробови и целиот организам.

Сепак, ако сте престанале со пушење и сте одлучиле да водите здрав живот, постои еден рецепт за чистење на белите дробови од налепениот катран.

За кратко време ќе ги исфрлите сите отрови, ќе можете да дишете мирно и ќе го зајакнете вашиот организам.

Потребни состојки:

6 ловорови листови
250 мл зовриена вода

Постапка:

Навечер пред спиење, наполнете го термосот со зовриената вода и ловоровите листови. Наутро кога ќе станете процедете го. Вашиот чај е спремен за употреба.

Се препорачува оваа доза да се подели на трие дела и секој дел да се испие правилно распореден во текот на денот. Се пие 20 минути пред главните оброци.

Ловоровиот лист е многу лековит, а освен како зачин и за приготвување на чај за прочистување на организмот, може да се користи и како прочистувач на воздухот. Распоредете листови во секоја просторија во која престојувате.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

Научете правилно да дишете на стомак. Вежбите за дишење се многу корисни за пушачите. Обидете се при издишувањето да го исфрлите целиот воздух од белите дробови, на тој начин ќе спречите таложење на токсините.

Диешете така што при вдишувањето стомакот да ви се полни со воздух, а при издишување да се празни како балон. Професионалните спортисти и пејачи добро знаат како се дише на стомак.

КОЈА ХРАНА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНУВА:

-исфрлете преработена храна, бело брашно и шеќер;
-намалете ги млечните производи, бидејќи тие поттикнуваат содавање на слуз во белите дробови;
-ако немате чувствителен желудник консумирајте благо луткаста храна;
-јадете доста риба, бидејќи содржи доста селен кој помага во детоксикација
-јадете портокали и цитрон;
-пијте доста вода, барем 2,5 литри дневно;
-одлично се покажал боровиот мед за чистење на белите дробови;
-пијте домашен сок од моркови.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: