Ова е рецепт за брза и лесна гибаница која сите ќе ве воодушеви.

Подготовка: 20 минути

Потребни состојки:

500 г кори за пита

300 г полномасно сирење

200 мл јогурт

100 мл масло

4 јајца

1 прашок за печиво

Сол

За прелив:

100 мл вода

1 лажица масло

Малку сол

ПОСТАПКА:

1.Белките одвојте ги од жолчките па изматете цврст снег.

2.Сирењето издробете го па измешајте го со маслото, јогуртот, жолчките и прашокот за печиво.

3.Додадете го снегот од белки и добро промешајте.

4.Тепсијата намастете ја со масло.

5.Корите гужвајте ги и натопувајте ги во смесата, па редете ги во тепсијата.

6.Остатокот од филот прелијте го одозгора, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

7.Извадете од рерна па прелијте со смеса од вода, масло и сол, и уште малку допечете во рерната, загреана на максимум.