ГИБАНИЦА КОЈА ИГРА В РАЦЕ…Тотално различна од другите…Најубава домашна пита…Прекрасна танцувачка домашна пита, едноставно игра во вашите раце. Сосема поразлична од другите.
Толку меко и вкусно што сигурна сум дека ќе го пробате овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл млака вода
8 г сув или 30 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
100 мл масло
500 г брашно
За фил помешајте:
300 г сирење
5 јајца
За премачкување на корите: 50 мл масло
За прелив помешајте:
3 јајца
100 мл млеко
Печете на 220° (430°F) 30 минути
ПОСТАПКА:
Во млаката вода растворете го квасецот со лажичка шеќер и две лажици брашно, па оставете 10-тина минути да се активира. штом запени, додајте масло и започнете постепено да го додавате брашното помешано со лажичка сол.
Тестото треба да биде меко, но да не се лепи за рака. Оставете го покриено да ферментира 10-15 минути, а за тоа време пригответе го филот. Потоа поделете го на 8 дела и секој обликувајте го во топче. Оставете ги покриени 5 минути.
Корите развлекувајте ги колку можете потенко, а по потреба користете брашно за да не ви лепи. Плех со средна големина обложете го со хартија за печење, па растресито распоредете ја првата кора.
Ставете фил и посипете малку масло, па поклопете со втората кора.
Постапката повторете ја додека да се потроши материјалот. ВрЗ последната кора сипете 1-2 лажици масло и исечете ја целата пита на коцки. Залијте ја со преливот од јајца и млеко, па протресете ја за да навлезе насекаде.
Питата оставете ја 30 минути за да го впие сиот прелив, па ставете да се пече 20-30 минути во претходно загреана рерна на 220 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.