Ова може да се послужи како предјадење, но и како главно јадење. Јас обично за домашните го приготвувам за ручек, а кога имаме гости го послужувам како прилог со месо или како закуска со некој пијалак. Според изгледот потсетува на сарма, а има ли некој што не ја сака сармата?
Без разлика дали сармата сте ја свиткале од листови од зелка, леска, блитва, лоза, секојпат се празни тенџерето до послетната свиткана ролничка.
Но, ако досега не сте ги исппобале сармите од тиквички и модар патлиџан, тогаш не одложувајте и испробајте го овој рецепт. Дури и оние кои не се љубители на патлиџанот, не ќе можат да им одолеат на вкусните залчиња. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 модри патлиџани, 200 г крем сирење, 50 г кашкавал и уште малку рендан за одозгора, 1 јајце, магдонос по вкус, 200 мл доматен сос, малку маслиново масло, а ако имате одлично одговара да ставите и свеж босилек
ПОСТАПКА: Модрите патлиџани измијте ги добро, па отстранете им ги дршките со страничните ливчиња и потсечете им ги краевите. При купувањето бирајте долгнавести патлиџани со правилна форма за да можете да ги исечете на долги ленти од кои ќе виткате сармички.
Исечете ги на тенки плочки, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење и намастен со малку обично или маслиново масло. Одозгора наросете ги со уште малку масло и со помош на силиконска-кијнска четка премачкјате ги рамномерно.
Посолете ги и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути (важно е рерната претходно да биде добро загреана). Печените патлиџани оставете ги настрана да се ладат, а во меѓувреме пригответе го филот.
Во еден подлабок сад ставете 200 г крем сирење (може и урда или некое сирење, а може и ситно сирење помешано со кисела павлака). Додајте 50 г рендан кашкавал, едно јајце, околу една супена лажица ситно сечкан магдонос, малку црн пипер и сол по вкус. Добро промешајте за да се соединат состојките.
Со оваа смеса премачкувајте ги патлиџаните преку цела површина (по една лажица за секоја лента), па виткајте ги во ролнички. На дното од огноотпорен сад со средна величина ставете 200 мл доматен сос, посолете го и запиперете го по вкус и наросете малку маслиново масло. Ако имате неколку свежи листови босилек, ставете ги нив.
Во вака приготвениот доматен сос наредете ги ролничките од патлиџан, а врз секоја ставете малку рендан кашкавал или моцарела. Ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 20-тина минути или додека да заруменат одозгора. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.