Ги сечам корите на ленти и ги полевам со газирана вода…Неверојатно практично и вкусно, сите го бараат рецептот за оваа пита…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 големи фило кори за пита или 400-500 г обични
1 мало шише газирана вода 200-250 мл
4 јајца, 1 лажичка сол
3 лажици цврст јогурт или кисела павлака
1 мала чајна чаша масло (100 мл)
1 мала чајна чаша растопен путер (100 мл)
300 г ситно сирење
100 г рендан кашкавал/ чедар

ПОСТАПКА:

1.Ако имате големи кори, свиткајте ги во ролна, а ако сте купиле цело пакување, тогаш само отстранете ја фолијата, корите не ги отворајте, туку како што се свиткани исечете ги на ленти со широчина од 1-2 см и растресете ги.

2.Во подлабок сад измешајте ги јајцата со сол, па додајте ја павлаката, маслото и путерот. Промешајте и ќе добиете густа смеса како крем.

3.Додајте ја газираната вода и изедначете. На крај додајте го ситното сирење помешано со кашкавал. Смесата треба да биде густа.

4.Сипете ја врз корите и со две виљушки промешајте како да мешате салата.

Крцкава пита со сирење од САМО 2 КОРИ…Ќе ви стане хит-омилена само што ќе ја извадите од рерна…

5.Целата смеса сипете ја во намастен плех од рерна, распоредете ја и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути.

Оставете да се подизлади, па исечете ја на коцки и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=sr3_K4cZiC8