Ги правам речиси секој ден откако го научив овој метод од 60-годишен мајстор! Тестото се замесува само од брашно и вода, без квасец, а внатре се полни со сирење, но може и фил по ваша желба. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
1,5 чаши вода (300 мл)
1 јајце
1 лажичка сол
5 чаши брашно
За премачкување на тестото:
150 г путер или маргарин
Фил:
100 г фета сирење
За премачкување:
1 жолчка од јајце
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад разматете го јајцето и растворете го со водата, па додајте го брашното и солта. Месете го 6-8 минути или додека тоа да стане мазно и да се одвојува од ѕидот на садот. Од јајцето ќе добие убава мекост. Покријте го и оставете го да одмори 10 минути.
Одмореното тесто малку набрашнете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки. Едното топче покријте го да не се суши, а другото развлечете го со оклагија најтенко што можете. По потреба наросувајте брашно за да не ви лепи. Развлечете го и второто тесто.
Кога ќе го отворите и второто тесто, премачкјате ја кората со омекнат путер преку целата површина, па преклопете со другата кора и спојте ги краевите. Премачкјате ја и оваа кора со путер.
Започнете со диплење како книга: префрлете ги двата краја до средината на кората, па горните слоеви исто така, премачкјате ги со путер. Потоа преклопете ги двете спротивни страни, до средината на кората.
Премачкјате одозгора со путер, па затворете ја „книгата“, премачкјате со путер и уште еднаш преклопете, така што на крајот ќе добиете квадрат.
Спакуваното тесто ставете го врз чинира поросена со брашно, покријте го со кеса и оставете го да се лади во фрижидер еден час.
После еден час извадете го на набрашнета поврина и со оклагија развлечете праволаголна кора. Исечете ја на 25 коцки (5х5), а во секоја коцка ставете фил (ситно фета сирење, или по желба).
Од секое коцкиче опфатете ги двата спротивни краја и спојте ги со врвовите, а потоа и другите два краја, па со прстите залепете ги страните за да се спакува филот. Можете вака да ги наредите во плехот, но може и обратно.
Малите погачици наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкјате ги со жолчка. Со чепкалка или виљушка направете шари, или пак со остар нож (жилет во видеото) направете површински засеци.
Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени додека убаво да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.