Фотографија и рецепт на Светлана Нешковиќ. Добар ден, ги посакав бабините колачи. Приготвувањето е многу брзо и едноставно, додека се загреа апаратот смесата е готова.

Потребни состојки: 3 јајца, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 300 мл масло, 300 мл млеко, 300 г брашно, 1 прашк за печиво

Постапка: се матат три белки со 200 г шеќер, па откако ќе се добие цврст снег се додаваат една по една жочка, вкупно три жолчки. Потоа се додава еден ванилин шеќер, 300 мл масло, 300 мл млеко, 300 г брашно и 1 прашок за печиво.

Вафли (Фотографија и рецепт на Светлана Нешковиќ)

Сите состојки убаво се промешуваат додека да се добие изедначена смеса. Се става по три супени лажици во тостерката, се поклопува апаратчето и се печат неколку минути.

Вафли (Фотографија и рецепт на Светлана Нешковиќ)

Вафли (Фотографија и рецепт на Светлана Нешковиќ)