Ги наполнив пиперките со превкусен фил и сите беа воодушевени од вкусот…Еве што ви е потребно за ова вкусно јадење:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
8 црвени пиперки
500 г мелено месо
1 главица кромид, 4 чешниња лук
2 компири
1 морков
1 домат
сол, црн и црвен пипер, сув зачин, магдонос, мирудија
1 јајце
200 мл неутрална течна павлака за готвење
100 мл вода
се пече 40 минути на 180 степени
ПОСТАПКА:
1.Во широка тава растворете 1 лажица путер со 2 лажици масло и запржете ситно сечкан кромид и лук, 1 минута. Додајте ситно сечкан компир и морков, зачинете и пржете уште неколку минути.
2.Додајте мелено месо, црвен пипер во прав и зачини по желба, па динстајте 5 минути. Потоа додајте ситно сечкан домат и динстајте уште 2 минути.
3.Тргнете од оган и оставете малку да подизлади, па додајте јајце, ситно сечкан магдонос и копар. Промешајте и со оваа смеса полнете ги пиперките.
4.Наредете ги во огноотпорен сад во кој сте сипале половина чаша вода. одозгора залијте ја павлаката и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.