Покрај фактот што староста е главен ризик фактор за остеоартритис на колено, помладите не се поштедени од ова заболување.
Во одредени случаи оваа болест може да биде наследна, во други случаи остеоартритисот на колено може да биде резултат на повреда, воспалување, дури и прекумерна тежина.
Лекувањето на остеоартритисот е со инјектирање на кортикостероиди, хијалуронска киселина или во коленото ПРП метода, како и физикална терапија. Доколку не помогнат овие методи, се оди на хируршки третман.
За превентивна заштита, кога ќе почувствувате болка, или коленото сте го преоптеретиле, обидете се со оваа паста и намачкајте го за да ги олесните болките.
Потребни состојки:
2 см рендан корен од ѓумбир
2 лажички кајен – црвен лут пипер во прав
1/2 чаша загреано маслиново масло (екстра девствено ладно цедено)
или
1/2 чаша домашна јаболкова киселина
Облога од мраз (во памучна крпа завиткани неколку коцки мраз)
Постапка:
Соединете ги состојките и мешајте доволно долго додека да добиете паста, со конзистенција слична на доматно пире.
Употреба:
Нанесувајте по двапати дневно од пастата и оставете да делува 20 минути. Потоа неколку минути држете облога со мраз.
Исплакнете со топла вода и исушете со пешкир.
Пастата чувајте ја во фрижидер а пред употреба промешајте.