Дедо ми од Германија отсекогаш се хранеше со домашни јадења кои самиот ги готвеше постојано. Тој јадеше многу овошје и зеленчук, а за ручек секогаш подготвуваше месо и овој ручек му беше омилен. Ми остана запишан во мојата тетратка за рецепти, како подарок од него, но веќе го знам напамет бидејќи често го подготвувам и е многу вкусен.




Ручекот со месо е секогаш заситен, па затоа и многу луѓе практикуваат постојано да го јадат за да ги внесат потребните нутривни вредности. Во комбинација со зеленчук, а особено кога е зачинето и потпечено, е за мерак за јадење. Во продолжение прочитајте го германскиот рецепт за ручек кој е вкусен и здрав. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 пилешки батаци или бедра, 2 лажици масло, малку сол, црн пипер, зачински билки како оригано, 30 г путер, 1 средна главица кромид, 3 моркови, 4-5 компири, 4 чешниња лук (или повеќе по вкус), еден грст магдонос. ЗА СОСОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 90 мл мед, 3 лажици соја сос, 100 мл доматен сос или паста од домати, 4-5 лажици сенф, 2 лажици сок од лимон.




ПОСТАПКА: Батаците треба да бидат со коска, малку избришете ги со салфетка ако се водени, па зачинете ги со сол, црн пипер и оригано по вкус. Една коцка путер ставете да се растопи во тавче на рингла, вклучена на средна температура, па во неа испржете го пилешкото месо од двете страни, додека да фати убава коричка.




Кога месото ќе добие златнокафеава боја, извадете го од тавчето за пржење и додајте уште малку масло ако целото ви се апсорбирало во месото. Потоа, ситно на коцки исечкајте 1 главица кромид и ставете да се пржи во загреаното масло на умерена температура, со повремено мешање.




Во меѓувреме морковот исечкајте го на многу ситно, а ако ви е полесно може и да го изрендате. Компирите измијте ги под вода неколкупати, па излупете ги и исечкајте ги на помали коцки. Кога кромидот ќе застакли и омекне, додајте го ситно сечкан морков, а потоа и компирите. Малку посолете по вкус.




Пржете околу 8 минути на средна топлина, со повремено мешање на секои 2 минути или по потреба. Чешнињата лук исечкајте ги на тенки листови, ситно коцки или поминете ги низ преса. По изминатото време додајте ги во тавчето и оставете да се пропржат уште малку и да ја испуштат својата прекрасна арома.




Пред крајот ситно исечкајте еден грст магдонос и додајте го во пржениот зеленчук. Измешајте и соединете ги состојките, а потоа префрлете ги во тава за печење, а одозгора наредете го месото. Во меѓувреме подготвтете го сосот, кој дава посебна сочност на целиот ручек.




ЗА СОСОТ: Во тавчето каде што ги пржевте зеленчуците додајте 90 г мед, и почекајте да се растопи на тивко. Кога медот ќе се разлее, додајте 3 лажици соја сос, а веднаш потоа и 100 мл доматен сос или паста од домати. Додајте и 4-5 лажици сенф. Пржете го сосот додека да зоврие и потоа дистајте уште 2 минути.




На крајот додајте 2 лажици сок од лимон и измешајте. Подготвениот сос прелијте го врз месото и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 25-35 минути. Додека се печат пилешките батаци и зеленчуците, подгответе си вкусна салата со марула, краставица, домати, магдонос и зачинете ја по вкус.

Обично салатата ја преливам со 2 лажици сок од лимон и 2-3 лажици маслиново масло. Салатата измешајте ја и изедете ја пред ручекот или вечерата. Ова е оригиналниот рецепт кој се комбинира со салата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.