Гасовите се неминовни, тие се основа на животот – од раѓањето до с мртта примаме, создаваме и емитираме гасови. Во спротивно, ќе престанеме да постоиме.
Во повеќето случаи, преминот на гасови низ нашето тело е комплетно асимптоматичен. Меѓутоа, понекогаш тие знаат да манифестираат симптоми како на пример често подригнување, гасови кои притискаат и мораат да се испуштат, како и подуеност на стомакот.
Насобирањето на гас доведува до ширење на цревата, кои можат да ги забрзаат интестиналните контракции и перисталсисот. Ова, пак, често знае да предизвика гр.чеви на цревните мускули и тогаш гасовите се придружени со абдоминална б олка.
Добро познати и многу воз.немирувачки, проблемите наведени погоре обично се јавуваат поради прекумерно голтање при брзо јадење и / или прекумерно формирање гасови во телото прчинета од заостанати екскременти или нетолеранција на некој вид храна, како и дисбаланс на цревната флора.
Прекумерна апсорпција на гасови
Буквално преведено од латински, „аерофагија“ значи „внесување воздух“. Нејзиниот најчест симптом е честото подригнување. Прекумерниот внес на воздух обично се должи на премногу брзо и нестрпливо јадење и пиење, но може да произлезе и од:
Голтање на храна со течности; пиење топли пијалоци; пиење со цевка – според некои студии, пиењето со цевка доведува до голтање на двојно повеќе воздух од течноста; гуми за џвакање; пушење; лошо прилагодени протези; течење на носот од задна страна, што влијае на назофаринксот, анк.сиозност
Прекумерно формирање гасови
Се јавува како резултат на ферментација на несварена храна од бактерии во дигестивниот тракт и особено во дебелото црево. Ова е обично недостаток или целосно отсуство на ензими потребни за разградување на посложени јаглехидрати, како што се лактоза, скроб и други.
Главните осом.ничени за гастроинтестиналните непријатности најчесто ги наоѓаме во намирниците богати со јаглехидрати, масти и ал-кохол, кој исто така игра голема улога, тие можат да предизвикаат задоцнување во цревното празнење, а со тоа и чувство на подуеност.
Како да се справите?
Правилниот пристап за справување со подуеноста и гасовите зависи од случајот и причината. Ако вашата состојба не е сериозна и не потекнува од некој поголем медицински проблем, можете да си помогнете само со следење на неколку едноставни совети.
Обидете се со: јадете побавно, поправете ги олабавените протези, обратете внимание на постназалното течење, зголемете ја вашата физичка активност, не ја зголемувајте количината на влакна во исхраната
Избегнувајте или ограничувајте: зборување додека јадете; јадење додека пешачите или во ст.ресни ситуации; пиење со цевка; пиење од шише; пу.шење или џвакање т утун; гуми за џвакање или гумени бомбони; газирани пијалаци
Потоа: јадење храна со сорбитол, фруктоза и лактоза (ако сте нетолерантни) и брзо јадење „од нога“ без добро да се соџвака храната или пиење на претопли напитоци (со „сркање“)
Мешавина од куркума, мед и ѓумбир
Во чаша зовриена вода додајте лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Промешајте го пијалакот, а потоа додајте една чаша млеко. Исцедете го пијалакот низ цедалка или газа и засладете го со мед по желба.
Ѓумбирот и куркумата се познати како храна која најбрзо ги исфрла ток-сините од организмот, а нивната комбинација со мед и млеко ќе го зачува здравјето на орга-ните. Доколку млекото ви предизвикува проблем при варењето со храната, изоставете го тој дел или користете млеко од соја.