Луѓето кои имаат пожолтени заби, а тоа се најчесто пушачите, честопати одбегнуваат да се смеат за да не ги покажуваат своите заби.
Жолтите заби се чест проблем, па дури и луѓето кои не пушат може да имаат ваков проблем доколку консумираат премногу шеќер, кафе или црн чај.
Меѓутоа, белите заби не се недостижна цел. Дури, тоа може да се постигне и без користење на индустриски производи кои се полни со хемиски супстанции.
Ако сте се соочиле со таков проблем, дефинитивно треба да го испробате овој начин за избелување на забите.
Нема да ги чекате резултатите неколку дена, седмици или месеци. Тоа се постигнува за само неколку минути.
Како да направите природно средтсво за избелување на забите:
Сигурно сте слушнале за кокосово масло, кое навистина можеме да го наречеме чудесно за нега на лицето, и инаку за севкупното здравје. Но, дали знаевте дека со него можете да ги избелите забите?
Кокосовото масло ќе ви помогне во избелување на забите за помалку од 2 минути.
За да го направите вашето сопствено средство за избелување на забите, ќе ви бидат потребни само овие две состојки: кокосово масло и сода бикарбона.
Земете во еднакви делови масло и сода (на пример, по 5 кафени кажички од секое), добро измешајте и смесата ставете ја во помала стаклена тегличка.
Се што е потребно е да ја замените вашата паста за заби со ова природно и навистина ефикасно средство. Ефектот е навистина воочлив после само првата употреба.
Тегличката можете да ја чувате во својата бања или во фрижидер.
Инаку, кокосовото масло е одличен начин за одржување на вашето орално здравје, бидејќи одлично влијае врз здравјето на забите и непцата.
Совет плус: Доколку имате проблем со испукани усни, можете да втриете мала количина кокосово масло на своите усни, да ги хидрирате и да им го вратите саканиот првобитен сјај.