Нашата драга и почитувана Фемије Сулејмани, ни го претстави ова прекрасно традиционално јадење, кое вообичаено се подготвува под сач, но за сите оние кои немаат услови на ваков начин да го приготват, може да се испече и во рерна. Рецептот беше објавен во нашата група НМД рецепти. Во продолжение можете да прочитате два рецепти: за под сач и за во рерна.

Фото и рецепт: Фемије Сулејмани 

-Еве како ние го правиме во мојот роден крај: се приготвува смеса од брашно, вода и сол, густа исто како за палачинки.

Се приготвува уште една смеса со која се полева помеѓу редовите. Оваа смеса се приготвува од 200 г павлака, 2 чаши јогурт (кисело млеко), 1-2 јајца и малку растопен путер за вкус и масло, по вкус, колку сакате да ви биде масно.

Решетката од рерната се става на највисокото ниво, да пече само горниот дел. Се топли намастена тепсија во рерната, па со лажица се прават редовите како цвет. Потоа се мачка од другата смеса, па помеѓу пак се долева од тестото. Се повторува постапката додека да се исполни тепсијата.

Најпосле, решетката се спушта на средина од рерната и се пече рамномерно од сите страни уште 15 минути. Не се сече на коцки бидејќи редовите сами се листаат, па се сече парче по желба.

Флија е традиционално албанско јадење, и претставува еден вид пита со одличен вкус. Се приготвува со „Сач“, но овде ќе ви претставиме два вида на рецепти, зошто ретко кој денес поседува сач и има услови кои се потребни за приготвување на ова превкусно јадење.

Овој специјалитет од традиционалната албанска кујна, а кај нас е одомаќено најмногу во Струга и Охрид, под името „Ѓомлезе“ или кај народот уште познато како „Тури-потпечи“.

Кога домаќинките го приготвуваат со сач, обично користат поголеми количини, а рецептот е овој:

Потребни состојки:

3 кг брашно
2 литри вода
2 лажици сол

Од овие состојки се замесува ретко тесто како за палачинки. Корите се печат, една по друга во специјална тава загреана на жар, и капак кој исто така се загрева и потура со врела жар и пепел.

Корите може помеѓу да се филуваат со крем-сирење, но питата може да се послужи исто така и со кисел зеленчук, кисело млеко, сирење, мед или џем.

Во домашни услови, односно за печење во рерна, рецептот е малку поинаков, но подеднакво е вкусен. Пробајте го па ќе се уверите!

Потребни состојки:

1 кг брашно
3-4 шолји вода
1 лажица сол
*може да се додадат и 2 јајца во тестото

За премачкување:

200 г путер
2 шолји неутрална павлака
3-4 лажици масло
1 шолја јогурт

*2. верзија:

250 г путер
250 г кисело млеко
150 г кајмак
Малку масло

Постапка:

1.Од брашното, солта и ладна вода се замесува ретко тесто како за палачинки.

2.Во друг сад се мешаат растопениот путер и останатите состојки за премачкување, се додека да се изедначат.

3.На тепсијата се истура од тестото за палачинки во вид на цвет (види фото):

4.Се пече 3-5 минути, а најдобро е да се вкучат само горните греачи.

5.Се премачкува со другата смеса, па повторно се истура од тестото:

6.Повторно се премачкува и се пече 3-5 минути.

7.Постапката се повторува се додека да се исполни тепсијата.

8.Се остава да излади 10-тина минути, па се послужува со јогурт, кисело млеко, сирење, мед, џем…

Значи, може да се испече и во рерна, но секако дека традиционалното печење под сач е најдобро.