Пишува доктор Анастасија Халдин / НМД.мк / Лукот и медот секој посебно имаат силни лековити својства, а заедно се моќна комбинација. Доколку направите ферментиран производ од овие две намирници, ќе добиете дополнително здрав пробиотик кој ќе ве одржува здрави преку целата зима.




Лукот најчесто се користи во кујната во комбинација со други зачини за подобрување на вкусот на јадењата. Уште многу одамна тој се сметал за еден од најефикасните лекови против разни болести, а доколку се конcyмира во комбинација со мед на празен стомак, максимално ќе му користи на организмот.




Се чини дека медот и лукот секогаш на врвот по лековитост од сите други намирници. Меѓутоа, најздрави се кога се јадат сирови, а уште поздрави кога се во ферментирана форма. Се смета дека оваа комбинација може да го спречи дури и р акот.




Како се прави оваа лековита мешавина?

Медот само ги засилува корисните својства на лукот. Ако јадете мед со лук една седмица на празен стомак, значително ќе го подобрите вашето здравје. Можете да приготвите паста од мед и лук, а може да приготвите и ферментирана мешавина. Двата рецепти прочитајте ги во продолжение.




РЕЦЕПТ ЗА ПАСТА ОД ЛУК И МЕД. Потребни состојки: 1 шолја пчелин, органски мед, 10 чешниња лук. Постапка: cомелете го излупениот лук во блендер. Ставете го во тегла и додајте го медот. Затворете ја теглата и оставете ја на ладно место една седмица.

Конcyмирајте го лекот секој ден по една лажица на празен стомак во текот на седум дена. Потоа, направете пауза од една седмица, па повторете го третманот.




Придобивки од лекот: ја подобрува циркулацијата на кр-вта, го регулира кр-вниот притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол, ги намалува воспаленијата, го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и го лекува телото од настинки и грипови. Додека го користите овој лек, се препорачува да одбегнувате масна храна, шеќер и брза храна.




ФЕРМЕНТИРАНА МЕШАВИНА ОД ЛУК И МЕД – Потребни состојки: Лук по потреба и мед по потреба. Постапка: со страничниот дел од н ожот притиснете го лукот. На тој начин полесно ќе го излупите и ќе го наг-мечете доволно за да се ослободи алицинот од него или едноставно само засечете ги чешнињата. Наполнете ја теглата со исчистен лук колку што можете и прелијте со квалитетн пчелин мед.




Теглата лабаво затворете ја или оставете ја малку подотворена и ставете ја на некое темно место. Лукот веројатно ќе лебди на површината. Сировиот вистински мед содржи корисни ензими кои се потребни за да започне ферментацијата.




Доколку користите неквалитетн или лажен мед, тогаш ферментацијата нема да започне. Под теглата ставете чинија. За неколку дена ќе забележите меурчиња. Затворете го цврсто капакот и превртете ја теглата.




На овој начин, сите чешниња лук убаво ќе може да се натопат во медот. Потоа вратете ја назад теглата и повторно разлабавете го капакот за да може ослободениот гас да излегува.




Оставете ја теглата да ферментира еден месец, на темно и ладно место, а потоа чувајте во фрижидер. Јадете по едно чешне со мед наутро на гладно. Мешавината станува лековита уште после три дена, па доколку сакате можете уште веднаш да започнете да ја кон-сумирате.