Фото и рецепт: Милица Михајловиќ
Потребни состојки:
1 леб
1 лажичка прашок за печиво
220 мл јогурт
220 мл млеко
малку сол
300 г сирење
3 јајца
80 мл масло
150 г шунка
150 г сланина
150 г кашкавал
1-2 лажици сусам
Постапка:
Сирењето ситно го дробиме и го мешаме со три јајца. Додаваме по една чаша јогурт и млеко и промешуваме. Дотураме неполна чаша масло, 1/3 лажичка сол и една лажичка прашок за печиво. Сето добро го промешуваме.
Лебот исечете го на коцкички и истурете една третина на дното на намастен плех со средна големина, па врз него наредете сечкана шунка и сланина, па прелијте со половина од приготвената смеса.
Додајте го остатокот од лебот и преостанатата шунка и сланина (или нешто по ваш вкус и убаво со раката истапкајте одозгора.. Рамномерно распоредете го остатокот од смесата.
По потреба додајте уште малку јогурт ако ви се чини дека не е добро натопено.
Одозгора посипете околу 150 г рендан или ленти кашкавал и 1-2 лажици сусам по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.
Деталите околу постапката погледнете ги во видеото: