Вкусен колач кој има многу едноставна подготовка. Доволно ми беше да ги прочитам состојките за да знам како се подготвува, а често го правам бидејќи ми е најлесен и најбрз. За овој колач имам добиено многу пофалби, а е доста скромен.
Не ви се потребни многу состојки, а веројатно сè што ви е потребно веројатно го имате во кујната. По вкус може да додавате црвено овошје, ореви, и што и да ви текне, од него може да се прават разни комбинации бидејќи доста е флексибилен и се комбинира со многу состојки. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 160 г шеќер, 60 мл масло, 1 ванилин шеќер, прстофат сол, 160 мл млеко, 50 г какао, 200 г брашно, 8 г прашок за печиво, 100 мл зовриена вода, мала лажичка инстант кафе, 200 г чоколадо, 100 мл неутрален крем.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете го јајцето и додајте го шеќерот. Веднаш потоа се додава и маслото, ванилиниот шеќер и се посолува со малку сол. Со помош на жица/маталка измешајте ги состојките екстремно брзо додека да се формира густа, но соединета смеса.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата треба да изгледа слично на пире од компир или пасирана банана. Во неа се додава млекото и повторно се меша за да се разреди и да стане потечна. Сега ќе изгледа како смеса за палачинки. Во неа додајте го какаото преку сито, а потоа и брашното измешано со прашокот за печиво.

![]()
![]()
![]()
![]()
Сите состојки се инкорпорираат во фина чоколадна смеса која треба да остане течна и да нема гручиња од маслото. Настрана зовријте 100 мл вода и во неа додајте 1 лажичка инстант кафе. Измешајте и прелијте во смесата која штотуку ја подготвивте.




Јас смесата ја мешам некои 5 минути за да бидам сигурна дека нема грутчиња кои може да ми го расипат колачот. Потоа така изедначена се прелива во огноотпорен сад кој претходно сте го наросиле со масло и малку брашно.
![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата убаво се распоредува и се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, а се пече околу 30 минути. Во меѓувреме направете ја чоколадната глазура така што чоколадото ќе го скршите на коцки, а врз него ќе прелиете од неутралната павлака.

![]()
![]()
![]()
![]()
Се растопува на рингла додека да се формира течна глазура која се прелива врз печениот колач. Колачот се остава малку да одмори и да се олади, а потоа може да декорирате (опционално) со јагоди, ореви, лешници или нешто друго. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

![]()
![]()
![]()
![]()































