ФАНТАСТИЧНИ ТИКВИЧКИ ОД РЕРНА…подготвени на овој начин тие се крцкави, вкусни и не се масни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 помали тиквички (600 – 650 г)
150 г брашно
2-3 јајца
100 г лебни трошки
2-3 лажици сусам
2-3 лажици масло
сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Исечете ги тиквичките на коцки, посолете ги и оставете ги 10-15 минути да се исцедат од сокот.

2.Изматете ги јајцата и малку посолете ги, а во посебна чинија сипете го брашното, па и него посолете го. Во трета чинија лебните трошки измешајте ги со сусам.

3.Дел по дел, тиквичките прво валкајте ги во брашното, потоа во јајцата и на крај во лебните трошки.

4.Вака похуваните тиквички наредете ги во плех обложен со хартија за печење и одозгора испрскајте ги со малку масло.

5.Печете ги 25-30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.