ФАНТАСТИЧНИ МАФИНИ СО ТИКВИЧКИ И ГРИЗ…За 20 минути можете да ги јадете…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка со средна величина,
2 јајца,
60 мл млеко,
100 г брашно,
2 лажици маслиново масло,
2 лажици гриз,
1 лажица прашок за печиво,
50 г рендан пармезан,
црн пипер по вкус и
зачини доколку сакате, по вкус

ПОСТАПКА:

1.Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да отстои 10-тина минути. Откако ќе го ослободи сокот, убаво истискајте ја низ раце.

2.Додајте ги сите наведени состојки и зачинете по вкус. Промешајте и со смесата полнете ги намастените калапи за мафини.

3.Печете ги во загреана рерна на на 180 степени, 15-20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.