Оваа рајска торта е една од најбараните торти за секоја пригода. Рерната нема потреба да ја вклучувате, а за да ја приготвите ќе ви бидат потребни само 4 состојки. Верувале или не, кога ќе го прочитате рецептот ќе се уверите и самите колку е лесна. Сите намирници веќе ги имате во кујната, сѐ што е потребно да направите е да ги соедините.
За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен, деликатен вкус. Ќе се изненадите од брзината на нејзината подготовка, но и едноставноста. Оваа торта со леснотија ќе ја приготвувате секојпат кога од вас тоа ќе го побараат вашите најмили.
Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт, кој веруваме дека ќе ви се допадне за колач со бисквити. Не се пече и се подготвува од бисквити, според старинскиот начин на приготвување. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г крем сирење, 250 г мелена плазма (бисквити), 400 г нутела/еурокрем, 100 г путер. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1/2 л млеко, 200 г мелени бадеми (ореви, афион или семки по избор…), 150 г шеќер, 1 пудинг од ванила, 1 рум шеќер, 150 г маргарин, 300 г мелени бисквити, 10 парчиња кршени бисквити.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: На пареа растопете путер и една лажица нутела. Со оваа смеса прелијте ги мелените бисквити, промешајте и оставете сѐ во фрижидер. Остатокот од нутелата/еурокремот помешајте го со крем сирењето и добро изматете со миксер. Добиената смеса исто така ставете ја во фрижидер да отстои.
Потоа извадете ја од фрижидер смесата за основа и префрлете ја во калап за торти. Користете чаша за да израмнете правилно. Одозгора ставете го филот со нутела. Вратете во фрижидер да отстои 20 минути за да се стегне убаво.
Тоа е тоа, вашата торта е готова а се вика “рајски десерт“. Изгледа преубаво и има неодолив вкус. Комбинацијата од крем сирење со нутела е нешто навистина посебно. Тортата е навистина евтина и едноставна за приготвување.
Одозгора декорирајте со кршени лешници, мелени бисквити или нешто друго по ваш вкус. Во продолжение прочитајте ја постапката за овој превкусен колач кој не се пече, веруваме дека ќе ви се допадне:
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Сомелете ги бисквитите (300 г), а другите скршете ги на помали парчиња и тргнете ги настрана. За кремот, се вари млекото со шеќерот и мелените бадеми. Се вари околу 5 минути, па се додава и пудингот од ванила измешан со малку шеќер, рум шеќер и малку млеко (колку само да се измеша претходно).
Кога кремот ќе се свари и згусне тргнете го од оган и додајте го маргаринот и мешајте додека маргаринот целосно да се растопи. Сварениот крем од млеко, шеќер и бадеми измешајте го со искршените и мелени бисквити и ставете го во помал плех и измазнете го, односно израмнете го.
Сѐ се покрива со чоколадна глазура по желба која може да ја направите со растопување на 200 г чоколадо и малку млеко или масло. Добро изладете го колачот пред да го исечете. / Сoolinarka.сom. Прочитајте: БРЗА ПЛАЗМА ТОРТА: Не се печат кори, не се вари филот, готова е за 20 минути – ОВДЕ.