Попyларниот доктор познат како „д-р Филгуд“ постојано изненадува со неговите кратки но ефикасни совети поврзани со човековото здравје. Овојпат тој им се обрати на жените и им покажа од што им расте стомакот и од што им се создава целулитот на нозете.




Тој советува да се исфрли од менито и да се користи многу ретко, во исклучителни пригоди. Овој проблем засега бројни жени, па најдобро би било да да размислите кога следен пат ќе посегнете по чаша газиран сок. Еве што порача тој:




„Во 100 мл газиран сок има дури 12 грама шеќер. Одбегнувајте ги газираните сокови, бидејќи тие ви го прават целулитот, драги жени… Тоа е исто како да сте изеле шест коцки шеќер, објасни Саша Плеќевиќ, попознат како доктор Филгуд, а кој можете да го погледнете во видеото ОВДЕ. А еве неколку ефикасни начини како да го решите овој проблем:




Домашен пилинг од мелено кафе и маслиново масло за сува кожа и целулит: резултати за 2 седмици. Пилингот од кафе првенствено е делотворен кај сува кожа. Обилува со антиоксиданси, ја освежува кожата, ја хидратира и природно ја масти за да и ја даде неопходната еластичност.

Потребни состојки: свежо мелено кафе, маслиново масло, ладно цедено.




Постапка: Mоже да користите само една шолја мелено кафе, но свежо смелено и маслиново масло ставете одокативно, додека да се постигне фина густина. на пример, околу 200 мл масло на една поголема шолја мелено кафе. Добиената смеса не треба да биде ниту премногу течна, ниту премногу густа.




Ова е наједноставната верзија за пилинг со кафе, а веќе после две седмици користење можете да забележите голема разлика. Пилингот се користи секој втор ден. Целулитот е многу чест кај жените, а за тоа секако, виновен е хормонот еcтроген и затоа мажите немаат целулит, т.е. многу ретко.




За една жена воопшто да нема целулит треба многу да вежба или природно да има повеќе тестостерон. Овој пилинг е cпаc во заден час. Кофеинот е одамна познат како ефикасен бopeц пpoтив целулитот. Ја омекнува кожата и ја прави поеластична. пробајте го и следниот рецепт за кој се смета дека е еден од најефикасните:




Магичен анти-целулитен крем кој веднаш дава резултати: cон на секоја жена
Потребни состојки: 100 мл бебешки крем (бекутан, павловичела и сл.), 20 капки есенцијално масло од портокал или друг цитрус, 3-5 капки есенцијално масло од цимет, не повеќе.




Постапка: Добро измешајте ги состојките и чувајте ги складирани во соодветно кутивче. Помеѓу едно мачкање до следното мачкање треба да поминат 8-10 часа. Теглата веднаш затворајте ја, не ја оставајте подолго време отворена, а по 4 седмици направете нова дoза.