Многу брзо и лесно направете фантаcтично новогодишно предјадење во облик на зајче. Предјадењата ја украсуваат секоја празнична трпеза, а гостите особено ги сакаат зошто можат да ги изедат во еден залак.
Освен тоа, кога станува збор за предјадењата, обично домаќинките приготвуваат повеќе видови ситни залакчиња, па така секој може да си го одбере омилениот вкус. Овојпат, од вашите омилени и евтини состојки направете одлично предјадење со облик на зајче.
Се приготвува толку едноставно што можете да го приготвувате и со вашите деца, а состојките кои се потребни воопшто не се скапи. Уживајте во претстојните новогодишни празници во добра атмосфера и одлична храна. Ви предлагаме неколку инетерсни идеи. Еве што ви е потребно:
ЗАЈАЧИЊА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 варени јајца, 100 г шунка (може и сувемесното по ваш избор), 50 г кашкавал, 1-2 супени лажици мајонез, 1 китка магдонос, крекери. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 50 г кашкавал, 1 црвена пиперка, 1-2 маслинки
ПОСТАПКА: Сварете ги јајцата, потоа изрендајте ги, а истото сторете го со шунката и кашкавалот. Наместо шунка можете да користите и друго сувомесното, па дури и бело месо кое претходно треба да ги издинстате или испечете.
Измешајте ги сите состојки, па додајте го мајонезот и сечканиот свеж магдонос. Обликувајте топки и редете ги врз крекери. Од кашкавалот со помош на нож обликувајте ги ушите, па ставете ги на врвот од топките. Од маслинките направете очи, а од пиперките нос, па и нив залепете ги на топките. Еве како да направите дедо Мразовци:
ДЕДО МРАЗ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: леб, листови кашкавал, црвена пиперка, мајонез, зрна црн пипер, стапчиња целер или краставица. ПОСТАПКА: Со помош на модла или чаша исечете тркалца леб и тркалца кашкавал. Секое парче леб тенко премачкјате го со мајонез и поклопете со парче кашкавал.
Со истата модла направете полукругови од црвена пиперка, за капата на дедо Мраз. Со кујнски шприц наполнет со мајонез обликувајте ја брадата на дедо мраз, поставете очи од зрна бибер и полумесечинки од целер или краставица (мало црвено триаголниче за нос и уште едно поголемо за нос, ако одите во детали), па дополнете ги празнините со мајонезот.
ЕЛКИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: леб, димен лосос/шунка или кашкавал по избор, мајонез, сусам, црн ким и црвена пиперка. ПОСТАПКА: Двојните тост лепчиња исечете ги во вид на елка со помош на модла. Земете едно лепче-елка и премачкјате го со мајонез.
Одозгора поклопете со парче димен лосос, шунка или кашкавал исечени со истата модла. премачкјате со мајонез, па поклопете со второто лепче-елка. Одозгора наросете сусам и црн ким , на врвот ставете ѕвездичка исечена од кашкавал и украсете со мали парчиња и лентички од црвена пиперка, наместо лампиони. Повеќе идеи погледнете ОВДЕ.