Поздрав драги мои пријатели, почитувани домаќинки и домаќини, ова е уште една многу вкусна салата, уште една зимница во тегла. На наједноставен начин, но и најевтин, ќе приготвите навистина вкусна салата која е одеален додаток на секое јадење.




Додадов и пиперка, па така не е н иту премногу лута. Ако не сте љубител на лутото или едноставно ви пречи, а сепак сакате да се сладите во оваа превкусна салата, тогаш едноставно извадете ги од рецептот, односно воопшто не ставајте лути пиперки.




Салатата подеднакво ќе биде здрава и вкусна. Сите знаеме колку морковот е здрав да се јаде, особено во текот на зимскиот период, па затоа не го заобиколувајте овој толку едноставен и евтин рецепт. Запишете си го и направете го – Валентина Машковиќ.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг моркови подварени во обична вода, 3 кг црвени пиперки испечени и исчистени, 1 кг лути пиперчиња испрскани со малку масло и малку омекнати во рерна на 200 степени околу 10 минути.




И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 1 китка свеж магдонос, 3-4 главици главици лук, 200 мл бел оцет 9%, 4-5 лажици сол или по ваш вкус, 300 мл масло, 1 кесичка црн пипер во зрно, а кој сака може да додаде и ловоров лист, 2 лажици шеќер. Кој не сака да прави пастеризација, треба да додаде и 1,5 кесичка конзерванс од 5 г.




ПОСТАПКА: Морковите исчистете ги и сварете ги во обична вода, но колку да омекнат. Внимавајте да не ги преварите за да не почнат да се распаѓаат. Лутите пиперчиња наредете ги во плех обложен со хартија, намастете ги со малку масло и испечете ги 10-тина минути на 200 степени. Покријте ги со алу-фолија за дополнително да омекнат додека се ладат.




Три килограми обични пиперки испечете ги, па оставете ги во кеса да се оладат за да омекнат, а потоа излеупете ги. Лутите пиперчиња на пример, кои се печеа во рерна не треба да се лупат. Лукот разделете го на чешниња, ставете го во некој подлабок сад и прелијте го со врела вода. Откако ќе отстои неколку минути, потоа многу полесно се лупи (но, му се намалува и интензитетот на мирисот).




Исчистениот лук исечкајте го на листови. Магдоносот убаво измијте го со ладна вода, па ситно исечкајте го. Потоа исечкајте ги морковите на крукчиња, лутите пиперки на ситни „залак“ парчиња, а благите пиперки откако ќе ги излупите и исчистите од семето, ставете ги малку да се исцедат, па и нив исечкајте ги.




Откако сите состојки ќе ги исечкате ситно ставете ги во едно големо и широко тенџере. Веднаш додајте две полни супени лажици шеќер, кои освен што ќе го потенцираат вкусот на зеленчукот, исто така ќе делуваат и како конзерванс.




Додајте една цела кесичка црн пипер во зрно (бибер), а кој сака може да додаде и ловоров лист по вкус. Прелијте 300 мл масло за готвење, 200 мл бел оцет 8-9% и 4 полни супени лажици сол. Откако ќе промешате, вкусете, па додајте уште сол ако е потребно.




Промешајте ги состојките во тенџерето за убаво да се промешаат и изедначат. Поклопете и оставете да преноќи или минимум 3 часа. Ако не сакате да ги пастеризирате теглите, тогаш додајте конзерванс. По изминатото време наполнете ги теглите, затворете ги и пастеризирајте ги во рерна околу еден час на 90 степени. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.