Денес со вас споделувам рецепт за еден прекрасен колач. Се прави многу едноставно и брзо, а резултатот е мек, кремаст и вкусен десерт кој штеди време и пари. Излегува голема количина од евтини состојки, а доколку ја сакате комбинацијата од гриз и кокос, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Еве што ви е потребно според рецептот на Драгана, а под него прочитајте уште еден кој сигурно ќе ве воодушеви уште повеќе:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 (Драгана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 7 супени лажици гриз, 4-7 супени лажици шеќер или по вкус, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 200 г кокос. За бисквит: 2 белки од јајце, 1 прстофат сол, 7 лажици шеќер, 2 жолчки, 100 мл масло, 200 мл млеко, 200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 2 лажици какао. Се пече во плех 33х22 см, на 180 степени.

рецепт 1




РЕЦЕПТ 2 (Масатера) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 12 супени лажици шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 12 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 супени лажици какао во прав, 1 супена лажица млеко.

рецепт 2

ЗА КРЕМ: 500 мл млеко, 3 супени лажици брашно, 100 г кокосово брашно, 10 супени лажици шеќер. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо за готвење, 80 г маргарин/путер, 2 супени лажици млеко и кокос за наросување




ПОСТАПКА за рецепт 1: Ставете го млекото на оган, а кога ќе зоврие сипете 7 лажици гриз. Промешајте и намалете ја температурата. Додајте 4,5 лажици шеќер (или по вкус) и 2 кесички ванилин шеќер. Промешајте и варете на тивок оган уште 2-3 минути, па додајте 200 г кокосово брашно. Убаво изедначете и изгасете ја ринглата. Оставете го филот да се олади до собна температура.




За тоа време пригответе го бисквитот: пенасто изматете ги белките со прстофат сол. Постепено додавајте 7 лажици шеќер и матете со миксерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа. Потоа додајте ги и двете жолчки, една по една. Постепено додајте и 100 мл масло во тенок млаз, а додека матите додајте и 200 мл млеко.




Во брашното промешајте една кесичка прашок за печиво, па постепено додајте го во смесата додека матите со послаба брзина. На крај додајте и две полни супени лажици какао. Изедначете. Плехот со величина 33х22 см намастете го, па во него излејте една половина од смесата и израмнете. Кората испечете ја во претходно загреана рерна на 180 степени само 8 минути.




Доволно е да се формира коричка на површината за да можете да го нанесете филот. Извадете го плехот, па рамномерно распоредете го филот со кокос и израмнете. Одозгора прелијте ја втората половина од тестото.

Вратете во рерна да се допече уште 20 минути. Колачот оставете го да се олади па одозгора наросете го со шеќер во прав и малку кокос. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт кој гарантирано ќе ве воодушеви:

ПОСТАПКА за рецепт 2: Сите состојки за тестото (освен млекото и какаото) измиксајте ги и поделете ги во два дела. Во едната половина додајте какао и млеко. Темниот дел од тестото излејте го во калап 25х35 см претходно намастен и набрашнет, па ставете малку да се потпече во загреана рерна на 180 степени, 5-10 минути.




Во меѓувреме ставете да се вари млекото со шеќерот, брашното и кокосовото брашно. Мешајте додека да се свари и згусне. Од рерната извадете го темниот дел од тестото, па врз него рамномерно распоредете го кремот. Врз кремот пак, рамномерно распоредете го белиот дел од тестото и вратете во рерна да се допече до крај.




Кога ќе се испече колачот прелијте го со чоколадна глазура и почекајте да се подизлади, па потоа посипете го со кокосово брашно. Исечете го на помали коцки и чувајте го во фрижидер до послужување. / Масатера / Сооlinarika.сom