Рецепт: Милица Михајловиќ
Потребни состојки: 250 мл јогурт, 100 мл масло, 100 мл млеко, 3-4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици брашно, 3 лажици какао во прав, 1 прашок за печиво и 200 мл сок од портокал за полевање
За фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од чоколадо и вкус на портокал, 5 лажици шеќер, 100-150 г чоколадо
Постапка: Во еден сад ставете јогурт, масло, млеко, шеќер и ванила, па убаво со жица за матење изматете додека да се соединат состојките.
Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и какаото, па додадете ги сите суви состојки во течната смеса, па добро промешајте.
Во меѓувреме рерната загрејте ја на 180-200 степени, па добиената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен со путер или маргарин. Ставете да се пече 10-15 минути или во зависност од вашата рерна и проверете со чепкалка кога е готов.
Печената кора извадете ја од рерна малку да излади, а потоа прелијте ја со ладен сок од портокал.
За фил: Во 200 мл млеко убаво промешајте го прашокот за пудинг да нема грутчиња, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога ќе зоврие постепено додадете го разматениот пудинг со постојано мешање, додека да згусне. Додека е топол пудингот во него додадете искршено чоколадо и промешајте додека да се растопи и соедини.
Толиот пудинг нанесете го врз печената кора, натопена со сок од портокал, па рамномерно израмнете.
Вака приготвениот колач оставете го неколку часа во фрижидер убаво да се олади, а најдобро преку цела ноќ. Погледнете го видеото со постапката на приготвување ОВДЕ.