Овој колач буквално се топи во уста, целиот е нежен и кремаст со богат чоколаден вкус. Не се пече, а не ви е потребен ниту миксер. Многу едноставен! Не мора да сте експерти во кујна за да го приготвите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 100 г шеќер, 400 г слатка павлака, 60 г густин, 50 г какао во прав, 250 г квалитетно црно чоколадо, 5 г желатин во прав.

ПОСТАПКА: Одземете малку млеко од еден литар, а остатокот ставете го на оган заедно со 100 г шеќер и 400 мл слатка павлака. Во одземеното млеко разматете 60 г густин и 50 г какао во прав, па добро промешајте да нема грутки. Треба да добиете мазна смеса.




Постепено започнете да го додавате во зовриеното млеко, најдобро преку цедалка за да се добие мазна структура без грутчиња. Мешајте постојано на намалена температура додека да згусне смесата. На крај додајте 250 г црно чоколадо искршено на коцки, 5 г желатин во прав и промешајте да се растопат и соединат во смесата.




Долгнавест калап со димензии 30х10 см обложете со проѕирна фолија (внимавајте да нема набори, па затоа добро оптегнете ја фолијата), па во него излејте ја целата содржина. Оставете да излади некое време на собна температура, а потоа и во фрижидер, најдобро преку цела ноќ.




Следниот ден превртете го колачот врз чинија за сервирање и отстранете ја фолијата. Одозгора наросете какао или чоколадо во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Не го пропуштајте вториот рецепт:




II РЕЦЕПТ. Чоколаден колач кој ми го изедоа за 5 минути, не успеав да направам повеќе фотки. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г путер, 2 јајца, 8 лажици шеќер, 4 реда чоколадо, 200 г мелени ореви, малку рендано мускантно оревче, 200 мл млеко, 8 лажици брашно, 1 прашок за печиво.




ЗА КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 100 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 130 г путер, ГЛАЗУРА И ШЛАГ: 100 г чоколадо, 2 лажици масло, 2 кесички шлаг.

ПОСТАПКА: Пенесто изматете ги јајцата, путерот и шеќерот, па додајте го растопеното чоколадо, оревите, мускантно оревче и млеко. Брашното помешајте го со прашок за печиво и додајте го во приготвената смеса.




Смесата излејте ја во долгнавест калап обложен со хартија и печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени. Печениот бисквит изладете го и пресечете го надолжно за да добиете две еднакви кори.




За крем: Пудингот сварете го во половина литар млеко според упатството од кесичката и оставете да излади. Посебно изматете го путерот со шеќер во прав, ванилин шеќер и промешајте го во изладениот пудинг.




Првата кора премачкајте ја со приготвениот крем, прекријте со втората кора, па најгоре нанесете го изматениот шлаг и обликувајте во полукруг како тунел. Вака приготвено ставете во фрижидер да се стегне. Чоколадото растопете го со малку масло и прелијте преку изладениот колач.