Новата научна студија покажа дека лимоноидите, природни соединенија присутни во лимонот и другите агруми, превенираат и енергично го стопираат развојот на канцерогените клетки, особено од ракот на дојка.
Научниците нагласуваат дека ништо од лимонот не треба да се фрла, ниту лимоновото месо, ниту семенките, а посебно не кората! Лимоновата кора содржи од 5 до 10 пати повеќе витамини отколку самиот лимонов сок.
Покрај антиканцерогеното делување, целиот лимон помага при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериските инфекции и габички, ефикасен е против интерните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив, и е одличен во борбата против стрес и нервни пореметувања.
На следниот начин можете да уживате во целовитиот вкус на лимонот, особено на неговата кора, и не само поради здравствени причини, туку од задоволство на непцата.
Едноставно е: земете домашен, непрскан лимон, добро измијте го и ставете го во замрзнувач (цел, или исечен на парчиња).
Кога лимонот ќе замрзне, извадете го и изрендајте го!
Потоа можете да го наросете врз салата, сладолед, супа, житарици, омилен пијалак или било што друго.
Она што ќе го доживеете е сосем нов вкус во кој ќе уживаат вашите папили на јазикот, а телото ќе ви благодари- со здравје!