Гравот е многу вкусна намирница која често се користи во кујната на речиси сите народи ширум светот. Кај нас најчесто се приготвува варен чорбест грав, или потпечен во рерна како „тавче гравче“.




Многумина велат „просто како грав“, но е толку едноствано да се зготви вкусна чорба како што некои си мислат. За вкусен грав има многу „марифети“ кои искусните домаќинки ги знаат и применуваат и затоа ова јадење е едно од омилените.




Но, главното прашање, освен за начинот на готвење е исто така, и дали може побрзо да се свари. Имено, познато е дека гравот треба долго да се вари, неколку часови. Постојат различни теории и трикови за кои подразбираат гравот да го потопите во ладна вода од претходната вечер, за да му се овозможи да хидрира и да се активира.




Следниот ден се истура таа вода и му се налива нова вода, која после првото зовривање се фрла. Една од варијантите е користење на експрес лонец кој значително многу го крати варењето на многу јадења, не само кај гравот.




Но, доколку немате експрес лонец, тогаш мора да примените некои од овие совети кои искусните готвачи ги користат веќе со години. Добро е кај првото варење на гравот во водата да додадете е една мала лажичка сода бикарбона.




Оставете го гравот да се вари околу 15 минути, а потоа исцедете ја таа вода и во гравот додајте масло. Добро промешајте за да се осигурате дека маслото рамномерно се распоредило на секое зрно.




Долејте нова вода и тоа 4:1 во сооднос со гравот, додајте 50 мл ракија и оставете да се вари. Нека се крчка 45-50 минути по што би требало да имате целосно сварен грав. И на последно место, но не и по важност, времето за варење на гравот зависи пред сè од неговиот вид и квалитет.




Неквалитетниот и стариот грав може и никогаш да не се свари убаво како што би требало, а особено е проблематичен оној кој продавачите го мешаат стар со млад грав. Па затоа, доколку сакате вкусно јадење од грав, набавувајте го од проверени произведувачи.