Со доаѓање на ладното и променливо време, сите се плашат од настинки и вируси. За да спречиме оваа сезона да добиеме грип, мора да провериме прво што е тоа што ни го ослабува имунитетот и предизвикува да се разболиме.

Доколку ни недостига витамин Д, малку спиеме, живееме стресно, слабо или лошо се храниме, тогаш ние стануваме подложни на грип.

Настинката е водечка причина за посета на лекар и боледувања. Кога пациентот ќе почувствува морници, температура, кашлица, течење од носот, слабост и други симптоми слични на грипот, дијагнозата “грип” се поставува во само 3 до 17% од случаите, што значи дека не е сè грип.

Вирусите се неколкупати помали од бактериите и имаат поинаква структура, а антибиотиците во тој случај се бескорисни.

НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ

Ако често настинувате, време е да го исфрлите шеќерот од исхраната, бидејќи е многу штетен за имунитетот. Добрата исхрана и квалитетниот сон, вежбањето и канализирање на стресот се клучни за имунолошкиот систем.

Корисно е да се јаде свеж зеленчук и овошје, зачински билки, квалитено месо и јајца, како и да се пие свежа, чиста вода.

Вежбањето исто така го јакне имунолошкиот систем. Ако не сте љубител на трчањето и вежбањето, тогаш пешачете. Важно е да имате било каква физичка активност, по можност на чист воздух.

СУПЛЕМЕНТИ КОИ ПОМАГААТ ПРОТИВ ПАТОГЕНИТЕ:

-витамин Ц
-витамин Д
-цинк
-масло од диво оригано
-прополис
-екстракт од лист од маслинка

Хидроген 3% добро делува против инфекции на горните дишни патишта. За да излекувате настинка или грип за 12 до 14 часа, потребно е во двете уши да капнете 3 до 5 капки хидроген 3%.

Во текот на денот многу често земајте витамин Ц, на секој час или два, и пијте многу вода. Сите овие методи ќе помогнат да го спречите развојот на вирусот во многу рана фаза од болеста.