Дали и вие сте меѓу оние кои мислат дека машината им ги “краде” чорапите? Не сте згрешиле, а еден мајстор каде всушност тие исчезнуваат.
Неретко се случува експертите од својата област да споделат некој совет, како да се спречат проблемите со кои се соочуваат поголемиот број луѓе. Сте ставиле алишта во машината за перење, вклучително и чорапите, а кога завршил програмот и сте ги извадиле, неколку од чорапите не можете да ги најдете.
И тоа се повторува, а вие останувате со распар чорапи. Се прашувате, дали машината навистина ги “краде” чорапите? Не си умислувате, зошто навистина, чорапите и некои помали парчиња можат да исчезнат во текот на перењето, а Bright Sideоткрива што всушност се случува.
Имено, во гумата која се наоѓа помеѓу вратата и внатрешноста на машината за перење алишта, можете да ги пронајдете речиси сите изгубени чорапи. Кога вратата на машината е затворена, оваа гума цврсто ја затвора и не дозволува водата да излезе.
Како што тврдат експертите, во текот на циклусот од перењето, чорапите едноставно може да се заглават помеѓу неа и металниот дел од барабанот.
Освен тоа, чорапите и други помали парчиња облека кои “избегале” од барабанот во текот на перењето, може да се пронајдат во внатрешноста на машината, само свртете го неколку пат барабанот, па доколку нешто е скриено внатре, тоа ќе се преврти и открие.
Исто тка, можете и да го подигнете капакот. За да с еослободите од овој проблем, експертите споделија неколку совети: (I) Редовно вадете ја гумата, чистете ја и соберете сè што се собрало внатре, па дури и чорапите. (II) Не ја преполнувајте машината со голема количина алишта во текот на едно перење. (III) Користете мала мрежичка специјално наменета за мали парчиња алишта.
ПРОЧИТАЈТЕ: Ми кажаа да направам вака, а после почнаа да испаѓаат цели парчиња нечистотија од машината за перење. Од машината излезе еден куп нечистотија откако го испробав овој трик за нејзино чистење. Резултатите ме оставија без зборови.
Редовно ја чистам машината со оцет, но дури кога го пробав ова, видов всушност какви се гадости се кријат во мојата машина за перење алишта.
Во Фејсбук групата “Mums who clean” една жена сподели фотографии од своето откритие, а жените од групата истовремено беа и згорзени, но и самите едвај чекаа да го испробаат овој метод за чистење на машината за алишта.
“Верувале или не, само седум дена пред ова ја пуштив машината како и секогаш да сврти еден програм за чистење со оцет и топла вода. Секогаш мислев дека тоа е доволно, но потоа ми кажаа за овој трик со таблета за машина за садови. Одлучив да го пробам” – вели оваа мајка.
Трикот, како што вели таа, се состои во тоа што, манесто детергент за перење алишта, се става таблета за садови и се пушта машината на си го одработи циклусот. Ќе забележите купишта нечистотија за која не сте ни знаеле дека ја имате во машината.
“Барабанот ми блеска како никогаш порано, а во водата која ја пуштив да тече во када, забележав и поголеми парчиња стврднат бигор и нечистотија.
Се згрозив кога видов што сè излезе низ цревото” – вели оваа мајка. Трикот веќе го испробаа некои жени од групата и велат дека подеднакво се згрозени од резултатите, но дека машината никогаш не им била почиста.