Фото и рецепт: Венка Јовановска

Неизмерна благодарност до нашата читателка што го сподели рецептот со нас – НМД.мк

Потребни состојки:

500 г кори кумановски
2 чоколади за готвење
300 г ореви може уште по желба
150 г мелени бисквити
1 ванилин шеќер
250 г путер + 5-6 лажици масло

За шербет:

1200 г шеќер
1 литар вода
1 лимон

Постапка:

Врз една или две кори се наросува од мешавината (рендани чоколади, ореви, мелени бисквити, ванилин шеќер), па се витка на сукало и се вади како “гужван грклан”.

Се реди во правоаголна тепсија и се полева со растопениот путер.
Се пече во загреана рерна на 175-200 степени 15-20 минути во зависност од тоа како пече вашата рерна.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Венка Јовановска)

Топлата баклава се попарува со топол шербет, а на крај можете одозгора да ја полиете и со топено чоколадо.

Шербет: Сите состојки ставете ги на оган, па откако ќе зоврие на умерена температурата варете уште 8-10 минути.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Венка Јовановска)

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Венка Јовановска)