Фото и рецепт: Sonia Dule Andreev

Рецептот за овој природен лек за зајакнување на имунолошкиот систем и одбрана од вируси, беше објавен од нашата драга членка Соња Андреев, која освен вкусни рецепти од кујната, има и обилна архива на здрави и лековити рецепти од природната медицина. Оригиналниот пост можете да го прочитате во нашата и ваша група НМД рецепти.

Потребни состојки:

2 кг органски мед
500 г полен
200 мл прополис

Постапка:

Сите состојки убаво се промешуваат и се остава поленот да се растопи околу 2-3 дена. Повремено потребно е да се промешува за побрзо да се растопи поленот.

Се консумира по една лажичка трипати дневно. Смесата е многу лековита и помага за лекување на бронхит, астма, кашлица и за прочистување на белите дробови.

Фото и рецепт: Sonia Dule Andreev

ПРИРОДЕН ПОЛЕН (цветен прав) благотворно влијае на органите за варење, на жлездите со внатрешно лачење, на работата на срцето и мозокот.

Помага во отстранување на заморот, дејствува позитивно на циркуларниот и на нервниот систем, за надминување на стресот и депресијата. Го подобрува либидото кај двата пола а кај мажите ја подобрува потенцијата.

Исто така позитивно влијае на одбранбениот систем од разни инфекции. Помага при воспаление на простатата и јајниците, зголемен крвен притисок, зголемен шеќер во крвта, ноќно мокрење кај децата, анемија, цироза, артерииосклероза…

ПРОПОЛИС (капки) помагаат при воспаление на грлото, забоболка, парадентоза, воспалени непца, бронхитис, гастритис, изгореници, кожни заболувања, астма…